Да се грижиме за околината значи ѓубрето да го фрламе на одредено место, помалку возење на автомобили, по можност- велосипеди, да употребуваме еколошки неотровни средства за домаќинство, има и многу други што се неопходни да се допринесе за почиста околина и поздрава средина. Но, не отсекогаш било така. Поранешната негрижа од страна на човекот допринесе денес повеќе да се внимава од било кога.

Поимот екологија “oekologie” е составен во 1866 од страна на германскиот биолог Ернст Хекел, од  грчкиот збор „oikos“ што значи „домаќинство“ и „logos“ што значи „наука“, или „наука за домот“. Во последните години екологијата станува се поактуелна, поради поголемите нарушувања во природата што ги предизвикува човекот. Живееме во време кога науката и техниката отидоа многу далеку, а ние сме тука некаде – животот полека замира. Но, ние имаме право на свој живот, а наша обврска е: здравиот живот- во чиста средина.

Земјата е единствената планета во вселената со својата величествена моќ на живот и природна рамнотежа, заслужува големо внимание и љубов. Основните медиуми за живот на земјата се: водата, воздухот и почвата. Човекот како ремек дело на природата, отсекогаш имал определено влијание врз природата и животот во неа. Паралелно со филогенетскиот развој на човекот, тоа влијание се менувало и по интензитет и по карактер, преминувајќи ја често пати границата на дозволеното, при што се јавуваат несакани последици.