Струка: ЕКОНОМСКО – ПРАВНА И ТРГОВСКА
Образовен профил: ЕКОНОМСКИ ТЕХНИЧАР
Времетраење на образованието: четири години
НАСТАВЕН ПЛАН

Обука и стекнување знаења, вештини и компетенции за: планирање, организирање, водење и извршување на активности од финансиско, сметководствено и банкарско работење, маркетинг, осигурување, комерцијално работење и деловна комуникација.

КАКО УЧИМЕ?

  • Опремени кабинети со СМАРТ табли и ЛЦД телевизори
  • Опремени кабинети со компјутери и сметководствен софтвер
  • Посета на реални институции и компании (државни и приватни)
  • Практична настава –Учење преку работа во реални компании од бизнис секторот
  • Активна настава, истражувања, проекти, презентации, работа со документи, финансиски пресметки и евиденција, изработка на пропаганден материјал и комуникација со клиенти

ШТО И КАДЕ МОЖАМ ДА РАБОТАМ?

  • Банкарски службеник
  • Царински службеник
  • Агент за осигурување
  • Сметководител
  • Финансиски референт
  • Маркетинг референт
  • Комерцијалист
  • Претприемач
  • Менаџер
  • Можности за вработување во институции во државна управа и агенции, јавни установи, невладини организации, трговски друштва, банки, осигурителни друштва и други јавни и приватни правни субјекти, како и можности за регистрирање и водење на сопствен бизнис
  • Можност за продолжување на образованието на високообразовните институции во државата или странство и можност за личен развој