По ослободувањето, со брзиот развој на стопанството се јави голема потреба од кадри со средно стручно образование. Во учебната 1955/56 година се роди идеата да се формираат неколку економски паралелки кои најпрво работеа во составот на гимназијата ‘Mирце Ацев”-Прилеп. Со одлука на Советот за просвета на НРМ од 1956год. во Прилеп се отвори средно економско училиште. Во наредниот период општествено политичките организации го определија името на училиштето “Kузман Јосифоски-Питу“. Во 1956год. трговската комора на Македонија а во соработка со истата асоцијација во Прилеп, формира средно училиште за потребите на трговијата. Во прво време средното економско училиште и средното трговско училиште работеа одделно,а со посебна одлука за поврзување на двете училишта која одлука се спроведе во учебната 1987/88год. започнува забрзан развој на економско-трговскиот ценар. Основната дејност на училиштето е воспитно образовна на ученици од стручно образование со четири годишно траење од економска,правна и трговска насока.

Цветан Беличански
(прв директор на Гимназијаа и Економското Училиште)
“По Втората светска војна и со создавањето на Р.Македонија во Прилеп работеше едно средно училиште гимназијата “Мирце Ацев”но разади брзиот економски развој тогаш се јави потреба за средни стручни кадри од економска струка. Така, уште во учебната 1955/56година при Гимназијата се формираа неколку економски паралелки, а веќе во следната 1956/57год. во Прилеп се основа средното економско училиште.”

Стојан Силјаноски
(прв директор на Трговското училиште)
“Во 1956 год. Трговската комора на Макдонија во сораборка на истата асоцијација од Прилеп формира училиште за потребите на Трговијата со современ и образован кадар.”

Гога Пајмакоски
(директор на економското училиште од 1959год.)

Јово Ношпал
(директор на економското училиште од 1968/69год.)

Ристе Тренкоски
“Има малди и талентирани деца кои покрај учењето го сакаат спортот и спортуваат. Од своето постоење од 1956 година Трговскиот училишен Центар во Приеп, оспособил голем број на трговски работници, кои се афирмирани низ целата наша земја. Новата трансформација на средното образование ќе овозможи не само квалитет во наставата, туку и задоволување на дел од потребите во здружениот труд.”

Ќофкароски Илија
(директор на економското училиште 1978год.)

Џингоски Јане
(директор на економското училиште 1987/88год.)
“Како и во секоја работа, така и во директорската доколу се сака само да се уживаат благодетите и привелегиите што ги овозможува функцијата, директорувањето е многу лесно. Но дололку работата се работи онака како што треба, притоа да се мисли и работи на осовременување на наставата,подобрување на условите за работа и за внесување на дополнителни нешта, тогаш таа воопшто не е лесна.”

Смугрески Димитрија
(директор на економското училиште 1998год.)
“Поткрепени од PHARE-програмата голем процент од наставничкиот кадар и менаџерскиот тим, учествуваше и учествува на најразлични обуки, семинари кои се добредојдени како извор на нови сознанија,искуства и информации за сето она што се нарекува современо средно стручно образование.”

Бунеска Елена
(директор на економското училиште 2002/03год.)
“Работата со ученици е мошне хумана. Но во исто време работата со нив е мошне одговорна. За учениците одмор се матурските вечери и екскурзиите, но и тогаш одговорноста кај наставницита останува.”

Ристеска Пандора
(директор на економското училиште 2003/04год.)
“Меѓутоа и СОЕПТУ”Кузман Јосифоски-Питу” Прилеп има своја “ахилова пета”. 50 години од основањето до денес училиштето е без фискултурна сала. Апелиравне до сите можни и компетентни адреси. Ситуацијата е статус “КВО”.

Котески Цане
(директор на економското училиште 2006год)
“За сериозен човек оваа функција е многу одговорна и бара голема динамика и еластичност во секојдневната работа како и во трасирањеро на долгорочната воспитно образовна стратегија и цел на училишниот Центар. Раководењето на школото го сочинуваат голем број на тимови, нормално како и менаџерскиот тим на чело со директорот, педагошко-психолошка служба, стручните активи како и администрацијата и помошниот персонал. Мојата работна стратегија и менаџирање ке ги насоќам кон обезбедување на се што недостасуваше во моето училипте од: нови работни простории,нова информатичка опрема,спортска сала,како и успешно завршување на сите проекти како што се Модернизација на образованието, отворање на Кариерен и Проектен Центар за учениците, формирањето на виртуелните компании и секако преку СЕА проектот и формирање на реална компанија.”

Китаноска Менка
(директор на економското училиште 2009/11год.)

Наталија Ацеска
(директор на економското училиште од ноември 2011год.)