Струка: ЕКОНОМСКО – ПРАВНА И ТРГОВСКА
Образовен профил: ПРАВЕН ТЕХНИЧАР
Времетраење на образованието: четири години
НАСТАВЕН ПЛАН

ПРАВЕН ТЕХНИЧАР

Обука и стекнување знаења, вештини и компетенции за планирање, организирање и спроведување активности од административно-техничкото, канцелариското, секретарското и архивското работење, како и постапување по судски предмети и водење на административна евиденција.

КАКО УЧИМЕ?

  • Опремени кабинети со СМАРТ табли и ЛЦД телевизори
  • Опремени кабинети со информатичка технологија за канцелариско работење, персонално евидентирање, матична евиденција, архивирање
  • Посета на адвокатски, нотарски канцеларии и судови, и правни служби во реални институции и компании (државни и приватни)
  • Практична настава –Учење преку работа во адвокатски, нотарски канцеларии и судови, и правни служби во реални институции и компании
  • Активна настава, истражувања, проекти, презентации, работа со документи, водење евиденција, организирање состаноци, промотивни настани и службени патувања, електронска комуникација, работа со податоци и комуникација со клиенти

ШТО И КАДЕ МОЖАМ ДА РАБОТАМ?

  • Судија
  • Судски референт
  • Референт за административни работи
  • Адвокат
  • Нотар
  • Архивар
  • Технички администратор
  • Извршител
  • Правник
  • Можности за вработување во јавна и државна администрација, судови, адвокатски, нотарски и извршителски канцеларии, архиви и други јавни институции и трговски друштва, здруженија и асоцијации.
  • Можност за продолжување на образованието на високообразовните институции во државата или странство и можност за личен развој