Почитувани ученици , Ако цел свет е во изолација тогаш можеме и ние да издржиме! Поради ситуацијата во која се наоѓаме и препораките кои ги добивме од Минстерството за образование и соодветните институции, а по предлог и идеја на дел од професорите и директорот на нашето училиште Ве известуваме дека од денес на нашата веб страна http://kjpitu.edu.mk/ и фб страна тековно ќе се споделуваат активности, материјали, задачи, вежби, прашалници, анкети, квизови по предмети од сите години, за сите образовни профили според наставниот план и програма Се замолуваат сите ученици кои не ја лајкнале страницата на училиштето, да го направат тоа за да можат да бидат во тек. Сите заедно да се придржуваме кон препораките на Министерството за здравство, а ние како училиште ќе придонесиме за правилно, рационално и едукативно искористување на Вашето слободно време. Сето оваа со цел образовната надоградба да не застане и учениците да продолжат да се едуцираат и во ваквите домашни услови . За сите дополнителни информации и препораки ќе бидете навремено известени.Јавното здравје е наша заедничка одговорност!Од сите нас зависи!#stopcovid19 #останидома #здравјетонашаодговорност#