Кога теоријата и праксата низ четиригодишно стручно оспособување ќе обезбедат освојување на две први места, едно второ и едно трето на натпревар од државен карактер, гордоста не може да изостане. Горди сме на нашите ученици! А учениците се горди на стекнатите долготрајни знаења од областа на економијата, правото и трговијата.

“Лидер на струка” е натпревар на државно ниво кој им овозможува на средните, стручни училишта на територијата на Република Северна Македонија да ги докажат своите знаења. Осум ученици од нашето училиште зазедоа учество на натпреварот, а четири од нив го збогатија нашето училиште со награди и признанија.

Ученичката Марија Николоска, образовен профил- Економски техничар, под менторство на проф. Наде Трајкоска и проф. Даниела Мицеска освои прво место – Лидер на струка.

Ученичката Елена Талеска, образовен профил- Банкарски техничар, под менторство на проф. Анета Наумческа и проф. Светлана Милошеска, освои прво место- Лидер на струка.

Ученичката Маја Паноска, образовен профил- Банкарски техничар, под менторство на проф. Анета Наумческа и проф. Светлана Милошеска, освои второ место.

Ученичката Викторија Ангелеска, образовен профил- Деловен секретар, под менторство на проф. Менка Китаноноска и проф. Илчо Јорданоски, освои трето место.

Кога стручното оспособување е наградено и препознато, сигурни сме во иднината на правото, економијата и трговијата што ги оставаме во рацете на нашите деца.Ученици вие сте нашата гордост и најголема афирмација!