И во вакви вонредни услови, кога целиот свет се бори со светската пандемија на вирусот Корона , нашето училиште продолжува со својата работа. Моменталната ситуација не ги спречува вредните професори заедно со уште повредните ученици, користејќи ја технологијата и социјални медиуми, секој од својот дом,  да не ги заборават и да ги исполнат своите работни обврски и задачи.

На 03.04, 06.04 и на 07.04.2020 г., учениците од четврта година успешно ги презентираа своите проектни задачи за државна матура по предметите Економија за трета , Економија за четврта година и Менаџмент за четврта година .По претходно изведени консултации меѓу учениците и професорите ментори и претходно постигнат договор за денот и часот на одржувањето на проектните задачи учениците беа распределени во 3 групи за презентација или вкупно 27 ученици . Презентирањето се одвиваше преку видео разговор на Messenger, Facebook.

Учениците-матуранти се претставија пред комисија составена од професорките-менторки Светлана Милошеска, Менка Китаноска и Даниела Мицеска, кои и ги оценија проектните задачи на учениците. И двете страни за брзо време се прилагодија на текот и начинот на изведување на  презентирањето.

Професорите, задоволни од соработката со учениците, упатуваат пофалби до секој ученик кој го испочитува договорот и уредно ја заврши својата обрска во врска со проектната задача. Исто така, задоволни се и учениците кои наишле на разбирање од страна на професорите и успешна соработка во целиот процес на изработка на проектните задачи и нивно завршување во предвидениот рок.Учениците упатуваат благодарност до професорите кои им испратиле јасни насоки , препораки и им помогнале во текот на сите четири години од нивното средно образование. Затоа учениците матуранити упатуваат благодарност до проесорите од СОЕПТУ,,К.Ј.Питу,,-Прилеп.