Учениците од нашето училиште зедоа учество на МАССУМ државниот натпревар помеѓу сите средни стручни училишта во Македонија. И покрај новонастанатите случувања со корона вирусот, сепак нашите ученици успешно настапија на овој натпревар. Постигнати се следните резултати:
1. Валентин Димитриоски трета година 2ро место во категоријата “Кариерно портфолио”. Во оваа категорија учество зедоа и Михаел Костадиноски трета година и Марија Николоска ученичка во четврта година.
2. Ариета Ибеска ученичка во прва година освои 3 то место во категоријата “Јавно говорење”.
3. Александра Јосифоска , Стефани Атанасоска, Тамара Лашкоска и Валентин Димитриоски го освоија 4тото место во категоријата “Маркетинг план”.
4. Михаел Костадиноски, Бојан Јанков, Мартин Димоски, Виктор Трајкоски, Стефан Слабиѓорески, Валентин Тодороски, Владимир Ристески и Александар Зајкоски го освоија 7мото место во категоријата “Видео реклама” и имаа успешно учество во категоријата “Краток филм”.
5. Валентин Димитриоски го освои 8мото место во категоријата “Интервју за работа на англиски јазик”.
6. Бојан Јанков од прва година го освои 9тото место во категоријата “Интервју за работа на македонски јазик”.
Со почетокот на новата учебна година нашите членови ќе продолжат да учествуваат и на други вакви натпревари и различни активности.

А дотогаш останете во добро здравје, бидејќи тоа е сега најважно и придржувајте се до препораките од надлежните институции.