Често се запрашуваме  дали вредат сите жртви кои ги правиме во името на некоја повисока цел, дали вредат сите пари и материјални блага за кои неуморно се бориме, дали помалку граници значат поголема среќа. Многу животни мудрости ни ја откриваат тајната на убавината на живеењето. Единство. Обединсетост, здруженост, согласност.

Живееме во време на промени и на предизвици. Животот подразбира постојано итање кон постигнување на сопствените желби и аспирации, остварување на замислите и скриените идеали и исполнување на илузиите кои тлеат во секој од нас. Зборуваме за Европа.Нашиот дом. Тло од кое никнуваме. Денот на Европа е воспоставен како ден на сеќавање на Декларацијата на францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман во 1950 година, што се смета за прв важен чекор во настанувањето на Европската Унија. Опција за одржување на мирот или „Шуманова декларација“. Континент стар со векови, живот и смрт на копно, а во воздухот мирис убава и слободна пролер. Денес секоја  земја членка, секоја земја од Западен Балкан, како идна членка на Унијата, самата Европска Унија и граѓаните на Европа сами решаваат како ќе се справат со промените и предизвиците со кои се соочува нашиот континент. И при изборот се водат од лекциите од историјата. Европската Унија е нов поредок во кој нема место за судири меѓу европските држави, а суштината на таа  идеја била да се воспостават заеднички тела и односи, пред сѐ, во производството и дистрибуцијата на јаглен и челик, како темел на индустриската сила.  9 Мај да се одбележува како Ден на Европа. Договорот од Мастрихт од 7 февруари 1992 година стапил во сила на 1 ноември 1993 година и се утврдиле три столба на Европската Унија: наднационален столб, заедничка надворешна и безбедносна политика и соработка во областа на судството и внатрешните работи. Денес имаме земна поврзаност, меѓусебна обусловеност.

И сето тоа да го постигнеш со корисни средства, со методи кои правилно ќе те насочат и ќе те издигнат на пиедесталот на човек во вистинска смисла на зборот. Затоа да се радуваме на секој миг од животот и да научиме дека среќата се кова и создава. Хуманизмот и алтруизмот се вистински животни вредности.