Маркетинг планот на нашето училиште оучествуваше на он лајн натпреварот на МАССУМ кој се одржа во тешки и скоро невозможни услови. Сепак постигнат е добар успех со освојување на четвртото место.

Голема благодарност до АД „Витаминка„ за соработката и поддршката. На натпреварот екипата од економско се претстави со производите на АД „Витаминка„ „Сириус„, „Деспина„ и „Варнер Брос„

Александра Јосифоска , Стефани Атанасоска, Тамара Лашкоска и Валентин Димитриоски го освоија 4тото место во категоријата “Маркетинг план”.

Учениците изработија рекламен материјал и видео реклама која беше посебно наградена од комисијата.