Националната платформа за учење на далечина во нашето училиште беше успешно спроведена на 21, 22 и 23 Септември од страна на претходно обучените колеги кои извршија дисеминација на останатиот колектив.

Националната платформа беше презентирана со сите нејзини ресурси и активности и со тоа сите колеги се стекнаа со основните знаења и вештини за да ја спроведуваат и применуваат од 1 – ви Октомври со нашите ученици.

Воедно таа претставува основно средство за водење на он лајн наставата и истата ќе биде претставена пред учениците за да можат и тие да ја научат и користат.