ИЗВЕСТУВАЊЕ

до родителите на учениците од основните и средните училишта

за потребните конфигурации на ИТ уредите за користење  на Националната платформа за учење на далечина 

Почитувани родители,

Во продолжение се наведени минималните конфигурации на ИТ уредите со кои Вашето дете ќе може да ја следи наставата преку Националната платформа за учење на далечина.

  1. Платформата функционира на следните ИТ уреди: десктоп компјутер, лаптоп компјутер, таблет и мобилен смарт телефон. Предуслов за следење на наставата преку платформата е ИТ уредот да биде поврзан на Интернет. 

Притоа, напоменуваме дека не сите наведени ИТ уреди обезбедуваат иста функционалност, и тоа:

  • Десктоп и лаптоп компјутер: овозможуваат користење на сите функционалности на Платформата, пред се поради големината и резолуцијата на екранот, глувчето и тастатурата;
    • Таблет и мобилен телефон: овозможуваат користење на сите функционалности, со следните ограничувања: намалена е прегледноста на сите елементи во Платформата поради големината на екранот и неможноста за користење на глувче и тастатура го отежнува пишувањето на подолг текст.
  • Доколку наставата на далечина се следи преку таблет или мобилен телефон, поради специфичноста на уредите, упатуваме сами да ги тестирате функционалностите на платформата (особено за следење на онлајн часовите во живо).
  • Платформата функционира директно во веб прелистувач (Chrome, Microsoft Edge, Safari), и не е потребно да се инсталира дополнителен софтвер. 

Десктоп/лаптоп компјутерот што ќе користи само веб прелистувач за пристап до платформата потребно е да има минимум 4GB меморија и двојадрен процесор. За да ги добиете сите функционалности на Платформата за следење на онлајн наставата во живо (односно за да може да се инсталира апликацијата Microsoft Teams), потребно е да имате минимум Windows 8.1 оперативен систем.

  • Доколку имате намера да купувате нов десктоп или лаптоп компјутер, препорачуваме да ја земете во предвид  минималната дадена во продолжение.
Компонента Минимална конфигурација
Компјутер и процесор минимум седма генерација i3 процесор, на минимум 1.6 GHz или еквивалетен AMD процесор
Меморија Минимум 4 GB RAM меморија
Хард диск Минимум 128 GB SSD
Екран минимум 1024 x 768 резолуција
Графичка картичка Минимум 128 MB графичка меморија
Оперативен систем  Windows 8.1 или Windows 10 
Видео уред USB 2.0 видео камера или стандардна лаптоп камера
Уреди звучници и микрофон

Им посакуваме успех на Вашите деца во следење на наставата на далечина! 

Со почит,

Министерство за образование и наука