На 25.03.2021г. претставничката од Народната Банка на Република Северна Македонија, Кристина Павлеска одржа предавање за финансиска писменост.

На предавањето учествуваа 31 ученик, претставници од 2-1,2-3 и 2-4 клас од СОЕПТУ„Кузман Јосифоски – Питу“ – Прилеп. Преку следење на презентациите учениците научија како да планираат својот личен бизнис план.

На предавањето присуствуваа професорката по информатика Мимоза Мијоска и директорката Билјана Марковска.