Вторник, Ноември 12, 2019
Текст
активности

Нашето училиште завзема  главно учество во сите општински и државни проекти и активности како и внатре во самото училиште. Тука спаѓа комуналното уредување на самиот  училишен  двор при што спаѓаме меѓу  најдобро уредените училишни дворови во нашата општина  како и самите  училници, при што чувството да се престојува во училниците  е  доста пријатно. Истовремено активно учество завземаме и во општинските и државните проекти а особено активно учество имаме во акцијата "Ден на дрвото" што секоја година традиционално се одржува под покровителство на маестро-баритон од светски ранг  Борис Трајанов инаку наш сограѓанин. Исто така  заедно со Црвен Крст од нашето училиште учествуваме во собирни акции  во парични средства и облека и ги поклонуваме онаму каде што има потреба т.е онаму каде што настанала елементарна непогода или во семејства каде што сиромаштијата затропала на нивната врата, а истовремено активно учество завзема и во Крводарителни акции  под покровителство на Црвениот Крст и медицинскиот центар на нашиот град. Исто така една од многу бројните активности во нашето училиште е секоја година на 25 Февруари кога по повод патрониот празник на нашето училиште од многубројните активности(драмски,литературни,ликовни секции) потпомогнати од врните професори ментори како и учениците се одржуваат  во театарот "Војдан Чернодрински" каде што најдобрите точки продолжуваат  т.е го претставуваат нашето училиште  на 25 Февруари. Имено сето почнува од училишниот  двор , со поставување на свежо цвеќе пред спомен пистата на Кузман  а потоа се оди до вечното почивачиште т.е "Могилата на непобедените" и исто така се поставување на свежо цвеќе пред бистата.

РАБОТИЛНИЦА СО УЧЕНИЦИТЕ ОД ВТОРА ГОДИНА

На ден 16.10.2019 г. во просториите на СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ беше одржана работилница на тема „Трговија со луѓе“ од страна на претставник од Црвен Крст – Прилеп, по повод одбележување на Светскиот ден за борба против трговија со луѓе 18 октомври.

6

 

Со работилницата беа опфатени учениците од 2 година. Целта беше запознавање на учениците со поимот „Трговија со луѓе“ и подигнување на јавната свест за сериозноста на проблемот со трговијата со луѓе.   Запознавање на ученициците со тоа кои се главни факторите за влегување во мрежата на трговија со луѓе:недостатокот на работни места, нискиот степен на образование, нарушените и дисфункционални семејства, слабостите во заштитата на човековите права, неспроведувањето на соодветни политики и многу други.

Работилницата беше организирана со цел учениците да се запознаат со индикаторите за препознавање на трговија со луѓе и да може да идентификува потенцијални жртви на трговија со луѓе, како и да се заштити себе.5

РАБОТИЛНИЦА СО УЧЕНИЦИТЕ ОД ПРВА ГОДИНА

На ден 24.09.2019 г. во просториите на СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ беше одржана работилница на тема „Исхрана и здравје и физичка активност“ од страна на претставник од ЈЗУ Центар за јавно здравје - Прилеп.

 

2

 

 

 

Со работилницата беа опфатени учениците од 1 година. Целта беше подигање на свеста кај учениците за придобивките од здравата исхрана и секојдневното практикувањето на физичка активност.

3

Физичка активност + избалансирана исхрана = подобро здравје, здрава тежина и повеќе енергија

1

ИЗВЕШТАЈ - регионалниот натпревар на знаење, вештини и способности од областа на бизнисот

Одржан на 28 јануари 2012 година во просториите на СОТУ„Ѓорѓи Наумов“ во Битола. Организатор: СОТУ„Ѓорѓи Наумов“ – Битола во соработка со Бизнис инкубаторот од Битола Учесници: тимови на ученици и наставници / ментори на тимовите од средни училишта од регионот.

Повеќе...

Соработка на УК со реално трговско друштво

Во рамките на предметот практична настава во насоката економски техничар работат виртуелни училишни компании, кои соработуваат со реални компании.УК од IV-7 клас „Слатка  Магија“ се занимава со трговија на  големо со шеќер, чоколада и слатки од шеќер.

Повеќе...

Ден на дрвото - засади ја својата иднина

Акцијата засади дрво, засади ја својата иднина -2012 година

Ученицитеод СОУ „Кузман Јосифоски -Питу“ заедно со своите професори учествуваа во акцијата Засади дрво, засади ја својата иднина.

Повеќе...

ВИДЕО: Советување на родители

Во продолжение погледнете го видео материјалот за советување на родители за оние ученици кои имаат слаби оцени или неоправдани изостаноци.

Повеќе...

Економско училиште претставник од Македонија на контакт семинар во Универзитетот Бирминген во Англија

slika5Контактниот семинар во Универзитетот Бирминген од Англија, организиран од Националната Агенција за мобилности во образованието, која ги користи Европските фондови за подобрување на образовниот процес, беше место каде што СОЕПТУ Кузман Јосифоски Питу од Прилеп, беше презентирано пред 64 учесници од 21 земја од Европска Унија.

Повеќе...

Ораторска вечер

         Во просториите на градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, на 4.06.2012 година со почеток во 18:00 часот беше одржана последната активност, ораторска вечер, на учениците од правната секција во соработка со младинската организација „Здружение на млади економисти“ од нашето училиште, со која се заокружи уште една успешна учебна година.

Повеќе...

Презентација на филмот Pay it forward

Се започна пред еден месец, кога на предлог на мојaта професорка по информатика Јасминка го гледав филмот Pay it forward. Од тогаш почнаа да се редат мисли за животот и да ја преиспитувам пораката од овој филм.

Повеќе...

Повеќе Артикли...

Страница 1 од 2

<< Почеток < Пред 1 2 Следно > Крај >>

Забава

Изберете јазик

Присутни

Има 105 гости присутни

Избор на профил ?

Пријатели

opstina-baner moncsoobroglobeenoprogrammepepdrzavna-maturaednevnikdpicode blockslogo-partner-germanija