Сабота, Февруари 29, 2020
Текст
активности активности Посета на градот Сандански, Бугарија

Посета на градот Сандански, Бугарија

Сандански БугаријаНа покана од средното стручно училиште – Земјоделска професионална гимназија „Климент Темирјазев “ – Сандански , Бугарија претставници од СОЕПТУ„Кузман Јосифоски – Питу “- Прилеп, предводени од директорката Наталија Ацеска на 21 и 22 април 2012 год. престојуваа во прекрасното туристичко место.

Целта на посетата беше учество на Првото натпреварување „Земјата – позната и непозната“ на тема „Земјата која не храни “, кое беше организирано по повод 55 годишнината од постоењето на училиштето . При изработката на трудовите требаше да се тргне од позицијата на наставни дисциплини поврзани со темата, како на пример екологијата, а како алатка за развој да се користи информатичката технологија. На натпреварот учествуваа две претставнички од СОЕПТУ„Кузман Јосифоски - Питу“ – Прилеп со свои презентации: Нешкоска Марија од IIѓ клас и Видеска Јулијана од IIѓ клас под менторство на Посета на Сандански, Бугаријапрофесорката по информатика Мимоза Мијоска. Нашите претставнички рамо до рамо се натпреваруваа на мегународниот натпревар со претставници од дваесетина средни училишта од Бугарија, Македонија, Полска и Словачка. Претставниците добија специјална награда за учество од жири комисијата, а се закитија и со посебно признание од националниот тренинг центар „Адам Смит“- колеџ за менаџмент од Софија.Денот на одржување на натпреварот се поклопи со Денот на планетата Земја, 22 Април

Забава

Изберете јазик

Присутни

Има 47 гости присутни

Избор на профил ?

Пријатели

opstina-baner moncsoobroglobeenoprogrammepepdrzavna-maturaednevnikdpicode blockslogo-partner-germanija