Сабота, Февруари 29, 2020
Текст
активности активности ИЗВЕШТАЈ - регионалниот натпревар на знаење, вештини и способности од областа на бизнисот

ИЗВЕШТАЈ - регионалниот натпревар на знаење, вештини и способности од областа на бизнисот

Одржан на 28 јануари 2012 година во просториите на СОТУ„Ѓорѓи Наумов“ во Битола. Организатор: СОТУ„Ѓорѓи Наумов“ – Битола во соработка со Бизнис инкубаторот од Битола Учесници: тимови на ученици и наставници / ментори на тимовите од средни училишта од регионот.

Целта на регионалниот натпревар беше:

  1. Подобрување на способностите на учениците за решавање на проблем и нивно учење да работат во услови на временски ограничени рокови;

  2. Поттикнување на инвентивноста на учениците за креативно изразување при спроведување на тимска работа;

  3. Можност учениците да се здобијат со знаење за бизнисот и за духот на претприемништвото по принцип „учење преку пракса“;

  4. Одличен начин да се образуваат и мотивираат клучните играчи (учениците, наставниците и бизнисите) за тоа како да се поттикне претприемништвото во училницата и да се придонесе кон унапредување на подготвеноста за вработување на учениците.

Учениците беа распоредени во мешовити тимови со цел да решаваат одреден деловен предизвик преточен во задача од бизнисот, при што задачата ја зададе спонзорот во соработка со Бизнис инкубаторот од Битола, и секој тим имаше пристап до компјутер, Интернет и други помошни средства со цел поефективно да ја подготват презентацијата. Потоа секој тим ја презентираше истата пред жири комисија, и на крајот беа доделени сертификати за учество, како и за освоени награди и беа доделени награди за првите 3 најуспешни тимови.

Мешовитиот тим во кој учествуваше ученичката Мариче Звездакоска освои II(втора) награда.

Понеделник 30 јануари 2012 година

Учесници од СОЕПТУ„Кузман Јосифоски-Питу“ Прилеп:

Наставник по стручни предмети / ментор : Цветанка Димоска 

Ученици од IV година:

Елмазоска Фатмире IV в

Звездакоска Мариче IV в

Острески Христијан IV б

Огненовска Евгенија IV б

Стојаноски Сашко IV б

Забава

Изберете јазик

Присутни

Има 44 гости присутни

Избор на профил ?

Пријатели

opstina-baner moncsoobroglobeenoprogrammepepdrzavna-maturaednevnikdpicode blockslogo-partner-germanija