Четврток, Септември 19, 2019
Текст
активности 8-ми март

Осми Март

Беше прилично обичен ден , мислам - петок. Две вредни девојчиња од Iѓ побараа да одвојам време за дополнителна настава и да им објаснам некои наводно „нејасни работи“ пред оценувањето кое беше закажано за часовоте во наредната седмица.

Елена и Сибела немаа многу нејасни работи и не им требаше многу помош. Повеќе би рекла дека се работеше за нивна потреба да повежбаат во мое присуство за да им потврдам дека се спремни за оценувањето. Одлично ги изработија вежбите за OOo Calc и тогаш ми се потврди мислењето дека се целосно подготвени за оценување и одлично се снаоѓаат со потребните опции од апликацијата која ја работевме.

Не се сеќавам како, но додека работевме се случи да спомнат дека веќе користеле Power Point. И во тој момент....се појави идејата: ....А за време на викендот, тие две да се обидат да подготват презентација на тема 8-ми Март, која ќе им ја подарат на професорките од училиштево? И се согласија, а не им ни кажав дека за оценувањето не треба да се грижат, бидејќи веќе се оценети со петки за темата.

Малку им беше необичен предлогот, но мислам дека им се допадна како предизвик.

Се консултиравме околу начините на изработка, содржината и должината на презентацијата, ги затрупав со збирки поезија, ја разработивме подетално идејата и чекав да дојде понеделник за да видам што смислиле и што изработиле Сибела и Елена.

.....И дојде понеделникот, а јас бев презадоволна од она што веќе го подготвиле девојчињата. Имаше уште доста да се доработи, но тие две го имаа вистинскиот правец и одлично темпо за работа. А коку беа компатибилни нивните одвоени размислувања....едноставно беше прекрасно да се работи со нив. Спремиле две презентации ( секоја по една независно, едната со Power Point, a другата со OOoImpress), но толку беа усогласени, што можевме едноставно да ги споиме презентациите и да добиеме заеднички проект. Работеа заедно во кабинетот , за време на часовите, ги запознав со Марија од IIб, која го спремаше дизајнот за 8-мо мартовските честитки, разменија идеи, им дадов уште книги за читање и избирање стихови и ги испратив дома да работат.

И така уште и во вторникот и средата. Работеа, дотеруваа, соработуваа со Марија, си помагаа и изработија прекрасна презентација и преубави честитки – и естетски и содржински. Во средата, на седми март, се ставаа ефекти на објекти, преоди на слајдови и се договоривме дома да изберат музика за презентацијата. Се заврши и со изработката на честитките. Во четвртокот беше се спремно. Требаше само да видиме како ќе се усогласи спојот на презентацијата и музиката и да се постави опремата за проектирање. Додека се спремаше опремата, доаѓаа професорките, а Елена и Сибела им подаруваа честитки. Понатаму, остана само да се види задоволството и благодарноста на професорките и директорката за пријатното изнанадување со честитките и презентацијата,......но тоа може да се види и од видеото

Видео - 8 ми Март

По повод празникот на жената  „8ми Март“ и во нашето училиште се потрудивме да им посветиме внимание на нашите професорки и да им подариме подарок, кој вечно ќе го паметат. Ние, Елена Парапанска и Сибела Мамудоска, изработивме презентација со која им го честитавме празникот во името на целото училиште. За презентацијата да изгледа прекрасно, како што и не пофалија присутните, употребивме творби од повеќе поезии напишани од реномирани автори, слики со „осмо-мартовска“ содржина и песни кои ги симнувавме од интернет. Пред да почне презентацијата, на присутните им беа поделени честитки. изработени од ученичката Марија Петреска, Во нив  имаше напишано извадок од една од поезиите кои ги употребивме. Откако се собраа сите професорки, почнавме да ја читаме презентацијата, за која   добивме пофалби.



Забава

Изберете јазик

Присутни

Има 155 гости присутни

Избор на профил ?

Пријатели

opstina-baner moncsoobroglobeenoprogrammepepdrzavna-maturaednevnikdpicode blockslogo-partner-germanija