Сабота, Февруари 29, 2020
Текст
активности Ораторство Ораторска вечер

Ораторска вечер

         Во просториите на градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, на 4.06.2012 година со почеток во 18:00 часот беше одржана последната активност, ораторска вечер, на учениците од правната секција во соработка со младинската организација „Здружение на млади економисти“ од нашето училиште, со која се заокружи уште една успешна учебна година.

Настанот беше проследен од ученици од средните училишта од нашиот град и од еминенти личности пред кои ораторите имаа чест да говорат и да го искажат своето мислење на теми кои сами ги избрале. Ораторите кои беа вкупно 12 ученици од средните училишта од Прилеп, од кои некои за прв пат застанаа пред говорница, успеаја да го здобијат вниманието од публиката, за на крај нивниот настап да заврши со громогласен аплауз и воодушевување од истата. На учениците, овој пат во улога на оратори, им беа доделени благодарници за учество на ораторската вечер, како и на нивните ментори кои допринесоа за нивното успешно претставување. Ораторската вечер, како прва од таков карактер, беше од ревијален карактер, бидејќи иницијативата за да се одржи ваков настан беше покрената за првпат оваа година. Сепак претстоеше жири комисија која упати критики и сугестии за подобрување на младите оратори на идната ораторска средба.Настанот заврши успешно со пригоден коктел за учесниците и присутната публика која им даваше огромна подршка.Овој настан се надеваме дека ќе продолжи и во наредните години и ќе биде поуспешен од оваа прва година на негово одржување, со повеќе учесници кои ќе се стремат преку своето говорење да ја уверат и допрат до публиката и жири комисијата, и да заминат со освоена награда.

 ОД ИДНАТА ГОДИНА ОВОЈ НАСТАН ЌЕ БИДЕ ОД НАТПРЕВАРУВАЧКИ КАРАКТЕР.

Забава

Изберете јазик

Присутни

Има 41 гости присутни

Избор на профил ?

Пријатели

opstina-baner moncsoobroglobeenoprogrammepepdrzavna-maturaednevnikdpicode blockslogo-partner-germanija