Недела, Ноември 17, 2019
Текст
активности Презентација на филм

Презентација на филмот Pay it forward

Се започна пред еден месец, кога на предлог на мојaта професорка по информатика Јасминка го гледав филмот Pay it forward. Од тогаш почнаа да се редат мисли за животот и да ја преиспитувам пораката од овој филм.

Тоа што јас го почуствував и научив од овој филм сакав да го споделам со моите другари. Одтаму се роди идејата за презентација на филмот и мое кратко излагање. Во петокот, на 01.06, имавме слободен ден и одлична прилика да ги соберам моите другари во кафе бар Azure. На големото платно се прикажуваше филмот Pay it forward, a присутните внимателно го проследија. На крајот на сите присутни им поделив картички со пораки за животот, а преку нив сакав да им искажам благодарност за нивното трпение што го изгледаа филмот до крај и што ме почестија со своето присуство. Целта на презентацијата лежи во убавината на зборовите на Мајка Тереза „ Не постојат големи дела, туку мали дела направени со голема љубов“. Филмот топло им го препорачувам и на останатите кои не беа присутни на презентацијата, за да ја разберат моќната порака, која не тера да размислиме дали сме спремни да го направиме светот подобар.
На овој свет не постои ништо посилно од вербата, се разбира доколку таа е длабока, вистинска и искрена. А едно е јасно дека треба секој секому да помага, да се почитува, да се сака, да се цени личноста одвнатре а не надворешниот изглед и пред се да се биде ЧОВЕК.
Марија Петреска II - б

Забава

Изберете јазик

Присутни

Има 56 гости присутни

Избор на профил ?

Пријатели

opstina-baner moncsoobroglobeenoprogrammepepdrzavna-maturaednevnikdpicode blockslogo-partner-germanija