Сабота, Февруари 29, 2020
Текст
активности

Нашето училиште завзема  главно учество во сите општински и државни проекти и активности како и внатре во самото училиште. Тука спаѓа комуналното уредување на самиот  училишен  двор при што спаѓаме меѓу  најдобро уредените училишни дворови во нашата општина  како и самите  училници, при што чувството да се престојува во училниците  е  доста пријатно. Истовремено активно учество завземаме и во општинските и државните проекти а особено активно учество имаме во акцијата "Ден на дрвото" што секоја година традиционално се одржува под покровителство на маестро-баритон од светски ранг  Борис Трајанов инаку наш сограѓанин. Исто така  заедно со Црвен Крст од нашето училиште учествуваме во собирни акции  во парични средства и облека и ги поклонуваме онаму каде што има потреба т.е онаму каде што настанала елементарна непогода или во семејства каде што сиромаштијата затропала на нивната врата, а истовремено активно учество завзема и во Крводарителни акции  под покровителство на Црвениот Крст и медицинскиот центар на нашиот град. Исто така една од многу бројните активности во нашето училиште е секоја година на 25 Февруари кога по повод патрониот празник на нашето училиште од многубројните активности(драмски,литературни,ликовни секции) потпомогнати од врните професори ментори како и учениците се одржуваат  во театарот "Војдан Чернодрински" каде што најдобрите точки продолжуваат  т.е го претставуваат нашето училиште  на 25 Февруари. Имено сето почнува од училишниот  двор , со поставување на свежо цвеќе пред спомен пистата на Кузман  а потоа се оди до вечното почивачиште т.е "Могилата на непобедените" и исто така се поставување на свежо цвеќе пред бистата.

Синдикални Натпревари

Синдикални Натпревари при СОЕПТУ "Кузман Јосифоски-Питу" Прилеп во периодот од 2011 година.

Повеќе...

Ден На Дрвото

Крводарителска Акција

ЛМО „Кузман Јосифоски - Питу“ организираше крводарителска акција , во соработка со НВО „Младински Совет“ Прилеп.Крв дадоа 20 ученици кои се полнолетни. 

Повеќе...

Страница 2 од 2

<< Почеток < Пред 1 2 Следно > Крај >>

Забава

Изберете јазик

Присутни

Има 44 гости присутни

Избор на профил ?

Пријатели

opstina-baner moncsoobroglobeenoprogrammepepdrzavna-maturaednevnikdpicode blockslogo-partner-germanija