Среда, Октомври 16, 2019
Текст

Извештај од четвртата средба од проектот на Еразмус+ во Прилеп

54353960 2443696899016488 1948391611519991808 n
Во рамки на проектот „Ефективна употреба на мобилни апликации во образованието“, финансиран од Еразмус + програмата на ЕУ, СОЕПТУ
„Кузман Јосифоски-Питу“ беше домаќин на четвртата тренинг средба на наставнци и ученицина гости од средните училишта од Турција,Италија, Литванија и Унгарија во периодот од 17 до 23 март 2019 год. Ова е веќе втора година откако се спроведува проектот во чии рамки ученицитепосетуваат работилници на кои изучуваат како се изработуваат мобилни апликации коипотоа би се употребувале на мобилни телефони и таблети.

Треба да се истакне дека заедничката работа на проектот,размената на искуствата, знаењата, претставува огромен капитал назнаење и за професорите и за средношколците од петте земји.

Во работниот дел домаќините Ивона Натеска, Стефани Клекачкоска, Маја Паноска, Елена Талеска, Евгенија Јорданоска, Петар Ѓорѓиоски, Марија Николоска, Маја Христоска, Христина Нунеска, Катерина Шефтероска и Кристијан Трајковски успешно ги презентираа своите мобилни апликации кои можат да се применат во секојдневната настава во различни области, а исто така презентираа и некои интересни игри. Учениците од сите земји учеснички во проектот изработија мобилни апликации - туристички водич за позначајни културно-историски знаменитости на градовите што ги посетија Прилеп, Охрид, Крушево и Битола. М-р Мимоза Мијоска – професор по информатика и координатор на проектот организираше работилници во кои се изучуваа чекорите за изработка на мобилна апликација.

Групата имаше можност да престојува еден ден и во главниот град Скопје. Огромна поддршка и придонес при реализација на средбата даде директорката Билјана Марковска и помошник директорката Анета Наумческа.

Гостите од Турција, Италија, Литванија и Унгарија, без задоволни од престојот во нашатадржава и изразија огромна желба повторно да дојдат во Прилеп.

53819628 2443710092348502 7230928672356564992 n53932246 2444357572283754 769622366660591616 n54255293 156003655403569 4265168357633818624 n54256225 2443702459015932 4047001800161624064 n54256643 156004325403502 6242335464057995264 n54400025 2443711485681696 3603665775400845312 n54434685 2443710519015126 2539417156269899776 n

Забава

Изберете јазик

Присутни

Има 100 гости присутни

Избор на профил ?

Пријатели

opstina-baner moncsoobroglobeenoprogrammepepdrzavna-maturaednevnikdpicode blockslogo-partner-germanija