Понеделник, Јули 22, 2019
Текст

Извештај за првата средба за наставници и ученици за проект FESAC во Унгарија

IMG 20190327 122837
СОЕПТУ„Кузман Јосифоски - Питу“ – Прилеп е наградено со втор проект на Еразмус+, клучна акција КА229. Првата тренинг средба за наставници и ученици за одобрениот проект „Финансиски и претприемачки вештини за активно граѓанство“ се одржа од 24.03.2019 до 30.03.2019г. во Диожд, Унгарија.

На средбата учествуваа 4 ученици од СОЕПТУ „Кузман Јосифоски - Питу“ – Прилеп и тоа : Тамара Мирческа, Тамара Митреска, Давид Митоски и Давор Велески, придружувани од 3 наставници: М-р Мимоза Мијоска – координатор на проектот, директорката Билјана Марковска и Виолета Огњаноска. Во проектот се вклучени партнер училишта од Македонија, Унгарија, Литванија, Шпанија, Италија и Хрватска.

Целта на проектот за финансиско образование e учениците да стекнат финансиски знаења и вештини за да можат да можат во блиска иднина да се соочат со конкретни ситуации. А додека наставниците да разменат искуства што ќе ги применуваат на часовите.

Агенда на активностите за време на престојот во Унгарија.

Првиот ден беше посетена општината на градот. Имаше интересна работилница за изработување на пари. Потоа се гласаше за логото на овој проект и на крајот се играше друштвена игра (монопол).
Вториот ден беше посетен Парламентот во Будимпешта, замокот на Буда и паркот Нормафа во Будимпешта.

Третиот ден учениците од сите земји учеснички ги презентираа своите проекти.
Следеше играво које се симулираше аукција во која секој имаше свои 100 биткоини и истите требаше да ги потроши на човечка особина ќе му биде потребна во животот.
Потоа беше посетен музејот за чоколада во Будимпешта. Следеше крстарење со брод по Дунав, каде глетката беше преубава и имаше интересна забава со учениците од другите држави.

Четвртиот ден тимот од секоја држава имаше задача да изготви, пресмета и пополни табели со семеен и персонален буџет. Кога сето тоа беше завршено учениците требаше да бидат иновативни и да смислат свој мал бизнис. Домаќините на секој тим им дадоја по
3 000флоринти со кои требаше за 15 минути да купат нешто симболично за новиот бизнис.
Следно во Будимпешта беше посетена мала компанија за безглутенски чоколада и кекси.
Попладнете секој тим пред сите професори и ученици ги презентираше своите идеи. Во следната активност професорите од секоја држава ги презентираа резултатите од Почетниот тест за финасиска писменост, а потоа и резултатите од претходно спроведените анкети за наставниците, учениците и родителите во врска со овој проект. Исто така наставниците ги презентираа активностите кои претходно се спроведиле за време на наставните часови поврзани со буџет, креирање на семеен буџет и личен буџет.

Петокот беше доста интересен но и напорен ден. Беше посетен градот Калоча.
Во местото Бакод беше прикажано шоу со коњи кое беше многу интересно и несекојдневно, исто така и пример за семеен бизнис. Потоа беше посетена традиционална унгарска музеј-куќа. Попладнето беше посетена фабриката за чили пиперки. Следеше завршната вечера, каде имаше премногу пеење, смеа, на разделбата и солзи но сето тоа беше белег на 7 дена поминати со прекрасни луѓе, на доста совршени места кои никогаш нема да бидат заборавени.

Забава

Изберете јазик

Присутни

Има 144 гости присутни

Избор на профил ?

Пријатели

opstina-baner moncsoobroglobeenoprogrammepepdrzavna-maturaednevnikdpicode blockslogo-partner-germanija