Недела, Ноември 17, 2019
Текст

Повик за аплицирање за учество во проект во Унгарија

thumbnail logo erasmus 2  thumbnail logo erasmus

 

За реализирање на проект  во рамките на Еразмус + програмата од Националната Агенција за Европски образовни програми и мобилност финансирани од Европската комисија, СОЕПТУ„Кузман Јосифоски -Питу“- Прилеп распишува повик за аплицирање.

 

Почнаа подготовките за првата мобилност со ученици во рамките на проектот “Финансиски и претприемачки вештини за активно граѓанство”. Мобилноста ќе се реализира во Диосд, Унгарија во период од 24 до 30 март 2019 год. Право на аплицирање имаат одлични ученици со примерно поведение и одличен успех, со одлични комуникациски вештини, од сите профили кои учат во прва, втора, трета и четврта година при СОЕПТУ„Кузман Јосифоски -Питу“- Прилеп. Патот и сместувањето се обезбедени со средства од буџетот на проектот.

Сите заинтересирани ученици да пополнат свое CV на англиски јазик и индивидуално да изработат мултимедијална презентација на англиски јазик во која се прикажуваат интервјуа со родители, ученици за формирање на домашен буџет и посебно за месечен буџет на еден ученик. Потребните документи да ги испратат најдоцна до 30.01.2019 на следниот емаил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Датум,

 

Директор,

08.01.2019

 

Билјана Марковска

Прилеп

   

Забава

Изберете јазик

Присутни

Има 47 гости присутни

Избор на профил ?

Пријатели

opstina-baner moncsoobroglobeenoprogrammepepdrzavna-maturaednevnikdpicode blockslogo-partner-germanija