Четврток, Септември 19, 2019
Текст

Повик за аплицирање за учество во проектот FESAC во Шпанија

thumbnail logo erasmusЗа реализирање на проект во рамките на Еразмус + програмата од Националната Агенција за Европски образовни програми и мобилност финансирани од Европската комисија, СОЕПТУ„Кузман Јосифоски -Питу“- Прилеп распишува повик за аплицирање.

Почнаа подготовките за втората мобилност со ученици во рамките на проектот “Финансиски и претприемачки вештини за активно граѓанство”. Мобилноста ќе се реализира во Севиља, Шпанија во период од 03 до 07 јуни 2019 год. Право на аплицирање имаат одлични ученици со примерно поведение и одличен успех, со одлични комуникациски вештини, од сите профили кои учат во прва, втора и трета година при СОЕПТУ„Кузман Јосифоски -Питу“- Прилеп. Патот и сместувањето се обезбедени со средства од буџетот на проектот.

Сите заинтересирани ученици да пополнат своеCV на англиски јазик и индивидуално да изработат мултимедијална презентација на англиски јазик во која има и видео клипови на тема "Соочувајќи се со предизвикот да најдам работа и како да создадам нов бизнис". Потребните документи да ги испратат најдоцна до 21.04.2019 на следниот емаил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Датум,

 

Директор,

17.04.2019

 

Билјана Марковска

Прилеп

   

Забава

Изберете јазик

Присутни

Има 152 гости присутни

Избор на профил ?

Пријатели

opstina-baner moncsoobroglobeenoprogrammepepdrzavna-maturaednevnikdpicode blockslogo-partner-germanija