Четврток, Септември 19, 2019
Текст

Економско училиште претставник од Македонија на контакт семинар во Универзитетот Бирминген во Англија

Универзитет од АнглијаКонтактниот семинар во Универзитетот Бирминген од Англија, организиран од Националната Агенција за мобилности во образованието, која ги користи Европските фондови за подобрување на образовниот процес, беше место каде што СОЕПТУ Кузман Јосифоски Питу од Прилеп, беше презентирано пред 64 учесници од 21 земја од Европска Унија.

 Директорката на овој училишен центар,  м-р Наталија Ацеска, беше една од четирите претставници на Република Македонија на овој прекрасен и престижен slika6 thumbslika1. thumbнастан.Целта на контакт семинарот беше да се изнајдат партнерски училишта од други земји на Европската Унија и да се изготват проекти за мобилности и партнерство преку програмата за доживотно учење Леонардо да Винчи. Училиштето стана партнер во три потенцијални интернационални проекти кои ќе се подготвуваат во текот на летниот период и ќе се аплицираат во Националната Агенција. Целни групи на овие проекти се наставниците и учениците кои преку проектите ќе добијатslika4 thumb најразлични можности за подобрување на своите вештини, како што се ИКТ вештини, изучување на странски јазик преку директна комуникација како и претприемачки вештини преку формирање на виртуели училишни компании помеѓу партнерските земји.СОЕПТУ Кузман Јосифоски Питу повторно ја потврди својата визија за следење на новите европски трендови, стремејќи се да го задржи приматот на иновативно модерно училиште.

Забава

Изберете јазик

Присутни

Има 149 гости присутни

Избор на профил ?

Пријатели

opstina-baner moncsoobroglobeenoprogrammepepdrzavna-maturaednevnikdpicode blockslogo-partner-germanija