Вторник, Декември 10, 2019
Текст

Ден на екологијата

Да се грижиме за околината значи ѓубрето да го фрламе на одредено место, помалку да се возат автомобили или пак да се заменат со велосипеди, да употребуваме еколошки неотровни средства за домаќинство и многу други правила кои се неопходни да се почитуваат , со цел да се допринесе за почиста околина и поздрава средина. Но, не отсекогаш било така.

Поранешната негрижа од страна на човекот допринесе денес повеќе да се внимава од било кога. По тој повод на „Ден на екологијата“- 21.03.2016 во училиштето СОЕПТУ „Кузман Јосифоски –Питу“ и учениците и наставниците се вклучија во акцијата да го исчистат своето училиште и училишниот двор.Човекот како ремек дело на природата, отсекогаш имал определено влијание врз природата и животот во неа. Паралелно со филогенетскиот развој на човекот, тоа влијание се менувало и по интензитет и по карактер, преминувајќи ја честопати границата на дозволеното, при што се јавуваат несакани последици.

 

Забава

Изберете јазик

Присутни

Има 74 гости присутни

Избор на профил ?

Пријатели

opstina-baner moncsoobroglobeenoprogrammepepdrzavna-maturaednevnikdpicode blockslogo-partner-germanija