Вторник, Јануари 21, 2020
Текст

Хуманитарна акција на учениците

se-menuvaПочитувани, Ученици сме во Средното Општинско Економско Правно и Трговско Училиште (СОЕПТУ) „Кузман Јосифоски - Питу“ во Прилеп. Се нарековме „ Dream Team“, затоа што сонуваме големи соништа, а правиме мали хуманитарни дела.

Сосема сме обични, но имаме необична традиција и необични пријатели. Во изминатите четири години се дружиме со лицата со посебни потреби од Дневниот центар „Ѕуница“ во Прилеп, а во последните две години и со дечињата од детската градинка „Гоце Делчев“ од Прилеп. На ова дружење, не научија нашите претходници, учениците од претходните генерации. Од нашето дружење произлегоа производи: цртежи, честитки, календари, снешковци, елки, украси, чоколадни лижавчиња, кои самостојно ги продававме, а собраните финансиски средства ги употребивме за да го направиме попријатно и попродуктивно престојувањето на лицата во овој дневен центар и градинка.

Им купивме учебни помагала, дидактички материјали, едукативни материјали, справи за вежби и терапија, униформи, компјутер, ги придружувавме на екскурзиите кои ги организиравме, a дониравме и во хуманитарни акции за лекување на деца кои бараа помош.

Оваа јубилејна, петта година на дружење, одлучивме да ја одбележиме со голем чекор на хуманост. Одлучивме да ја докажеме хуманоста на цела Македонија и нашата акција да ја проши- риме во сите општини од нашата земја. Да направиме хуманитарен проект „ Од ДЕЦА за ДЕЦА – Светот се менува со твојот ПРИМЕР, не со твоето мислење“ и да ги продаваме новогодишните честитки кои ги нацртаа лицата со посебни потреби од Дневниот центар „Ѕуница“, а ние тие цртежи ги дигитализиравме и обработивме во дизајни за честитки како наш проект од секцијата за информатика. Смелоста на нашата одлука да ги продаваме честитките не е само фактот дека тие се најсоодветен подарок кој сите го купуваме и подаруваме за Новогодишните празници, но овие честитки се од првите работилници со Дневниот центар „Ѕуница“ и еден од нашите најуспешно продавани производи.

Овие честитки се голема духовна вредност за нашите пријатели од овој центар, бидејќи преку нив ја согледавме нивната радост - дека и тие можат да создадат дело со кое помагаат на другите луѓе и е ценето во општеството. Денес, ние читаме за невладини организации кои помагаат во социјална инклузија за лицата и децата со посебни потреби, и разбравме дека ние сето тоа и досега сме го правеле. И токму на овој начин Ве повикуваме да донирате со купување на нашите честитки. Во прилог Ви го доставувамекаталогот со ЧЕСТИТКИ, ЛИНКОВИ ЗА ЦЕЛОСНА ПОНУДА и план за РАСПРЕДЕЛБА НА ДОНАЦИИТЕ. Честитките се продаваат со симболична цена од 30 денари.

За нарачки од најмалку 100 честитки, цената на секоја честитка е 20 денари. Помогнете и со Ваш чекор да направиме ГОЛЕМО ДЕЛО. Ние сме тука за да Ви помогнеме во создавањето на ова дело. Со порачување на честитките Вие дарувате иднина на лица кои одамна ја загубиле надежта дека воопшто ќе ја имаат иднината.

Се надеваме Ви се допаѓаат нашите изработки и уметноста на нашите пријатели

КЛИКНИ ТУКА ЗА ДА ГО ПОГЛЕДНЕШ ДОКУМЕНТОТ.

КЛИКНИ ТУКА ЗА ДА ГО ПОГЛЕДНЕШ КАТАЛОГОТ.

 

Забава

Изберете јазик

Присутни

Има 67 гости присутни

Избор на профил ?

Пријатели

opstina-baner moncsoobroglobeenoprogrammepepdrzavna-maturaednevnikdpicode blockslogo-partner-germanija