Среда, Октомври 16, 2019
Текст

СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу“Прилеп

IMG 5687

Во согласност со Конкурсот за запишување на ученици во средните училишта кој го објавува Министерството за образование и наука по предлог на основачот

СРЕДНОТО ОПШТИНСКО ЕКОНОМСКО ПРАВНО ТРГОВСКО УЧИЛИШТЕ “КУЗМАН ЈОСИФОСКИ ПИТУ”-Прилеп распишува

О Г Л А С

За упис на ученици во прва година

1.Во прва година ќе се запишат 306 ученици во 9 паралелки со настава на Македонски јазик според наставните планови и програми за:

1.Економски техничар мак 136 уч. 4 пар. 4 г.тр. 60 минимум поени

2.Техничар за трговија и маркетинг мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 60 минимум поени

3.Правен техничар мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 60 минимум поени

4.Деловен секретар мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 60 минимум поени

5.Банкарски техничар мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 60 минимум поени

6.Продавач-референт за продажни услуги/ Асистент деловен администратор мак 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 минимум поени

 

2. УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ

 

 

 Да имаат завршено основно образование

 Да не се постари од 17 години  Да се определиле за план и програма за економско-правна и трговска струка и еден од образовните профили објавени во овој Оглас

 Да ги исполнуваат критериумите утврдени со Огласот 3. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

 пријава за запишување (пријавата за запишување ученикот ја подигнува од училиштето во кое ученикот сака да се запише и истата е бесплатна);

 оригинални свидетелства од VI до IХ одделение;

 додаток на свидетелство за IХ одделение со резултати од екстерното проверување на постигањата на успехот на учениците;

 извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).

 

4. КОНКУРСНИ РОКОВИ

 

 

Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во два уписни рока, јунски и августовски, со две пријавувања во јунскиот и едно пријавување во августовскиот рок.

Првото пријавување и запишување на учениците во јунскиот уписен рок се врши на 28 и 29 јуни 2017 година, а резултатите од запишувањето и сло- бодните места ќе се објават на 30 јуни 2017 година.

Второто пријавување од јунскиот уписен рок и запишување на учениците ќе се врши на 5 јули 2017 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 6 јули 2017 година.

Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок се врши на 24 август 2017 година, а резултатите од запишувањето на учениците и слободните места ќе се објават на 25 август 2017 година.

Доколку училиштето и во двата уписни рока не ги потполни утврдените ученички места за запишување со овој Оглас продолжува со запишување на учениците до 31 август 2017 година.

 

 

5. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

Критериуми за избор на учениците се:  среден успех на ученикот од VI до IХ одделение;

 среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик,странски јазик, математика и историја);

 дипломи од освоени (I, II и III) места од меѓународни и републички натпревари од (мајчин јазик, странски јазик и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје);

 средна вредност од поени добиени за поведение.

 Среден успех од резултатите од екстерното проверување на постигањето на успехот на ученикот за IХ одделение;

За средниот успех од ученикот може да добие најмногу 50 поени (средниот успех од шесто, седмо , осмо и деветто одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10).

За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети (два наставни предмети задолжително за сите видови образование и два предмети што се значајни за струката), ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет).

За освоено место од меѓународни и републички натпревари ученикот може да добие најмногу 5 поени. (За освоено место од меѓународни натпревари 5 поени, за освоено место од републички натпревари: 3 поени за I место, 2 поени за II место и 1 поен за III место). На ученикот му се вреднува само една диплома која носи најмногу поени.

За средна вредност од поените за поведение од VI до IХ одделение ученикот може да добие најмногу 2 поени. (Примерно поведение се вреднува со 2 поени, добро поведение се вреднува со 1 поени и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени.

Средната вредност е збир од поените за поведението од шесто, седмо , осмо и деветто одделение поделен со 4). За средниот успех од резултатите од екстерното проверување на постигањето на успехот за деветто одделение ученикот може да добие најмногу 5 поени (оценките по наставните предмети од додаток на свидетелство за деветто одделение од екстерното проверување на постигањето на успехот на ученикот се собираат и се делат со 2)

Ученикот по сите критериуми утврдени со овој Оглас може да добие најмногу 82 поени.

Забава

Изберете јазик

Присутни

Има 99 гости присутни

Избор на профил ?

Пријатели

opstina-baner moncsoobroglobeenoprogrammepepdrzavna-maturaednevnikdpicode blockslogo-partner-germanija