Среда, Октомври 16, 2019
Текст

Извештај од натпреварот во Бугарија

14FF48729E2DA8CED1833DEAE572F77F766276FC4AA4928579pimgpsh fullsize distrУчениците од СОУ „Кузман Јосифоски - Питу", предводени од професорката по информатика м-р Мимоза Мијоска учествуваа на Петтото меѓународно натпреварување „Земјата - позната и непозната" во Сандански, Бугарија.

На покана од бугарската земјоделска професионална гимназија се натпреваруваа на темата „Земјата е жив организам. Не ја лутете". Учествуваа Стефани Клекачкоска и Ивона Настеска од I-3 клас. Во изработката на проектите, учесниците, поаѓаа од ставот на природните и општествените науки, на претприемништвото, на граѓанското и здравственото образование и екологијата. Како алатка за развој се користеше информатичката технологија. Претставничките на СОУ "К. Ј. - Питу" го освоија трето место со видеото со тема „Ефект - пеперутка". Меѓу десетината средни училишта од Бугарија и Македонија, екипата беше на 5-то место. Засадија и бреза во училишниот двор, а со натпреварот традиционално се одбележа Денот на планетата Земја, 22 Април.

sandanski sandanski sandanski sandanski sandanski

Забава

Изберете јазик

Присутни

Има 93 гости присутни

Избор на профил ?

Пријатели

opstina-baner moncsoobroglobeenoprogrammepepdrzavna-maturaednevnikdpicode blockslogo-partner-germanija