Среда, Октомври 16, 2019
Текст

Свечено доделување на дипломи генерација 2013-2017

По 10-ти јубилеен пат и со звуците на училишната химна во Средното економско- правно- трговско училиште „Кузман Јосифоски-Питу“ се одржа манифестацијата на свечено доделување на дипломи на матурантите од ова училиште.

На 115 матуранти со образовен профил: економски техничар, правен техничар, банкарски техничар, деловен секретар и техничар за трговија и маркетинг, им беа доделени дипломи од страна на директорот на училиштето Васил Гајтаноски во присуство на класните раководители, професори, родители и гости.

DSC 0202

На манифестацијата традиционално беше прогласен и првенец на генерацијата 2013- 2017 Теодора Петровска од образовниот профил-економски техничар, а исто така беа доделени и признанија и дипломи на учениците кои освоија едно од првите три места на престижната манифестација на средни стручни училишта МАССУМ која се одржа на крајот од месец април во Скопје.

DSC 0202

DSC 0202

DSC 0202

Забава

Изберете јазик

Присутни

Има 77 гости присутни

Избор на профил ?

Пријатели

opstina-baner moncsoobroglobeenoprogrammepepdrzavna-maturaednevnikdpicode blockslogo-partner-germanija