Недела, Ноември 17, 2019
Текст

ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИ ЗА УЧЕСТВО НА МЛАДИНСКА РАЗМЕНА ВО СТРУГА

Драги ученици,

Коалиција СЕГА во соработка со СОУ Кузман Јосифоски Питу, Прилеп објавува Повик за пријавување на учесници на младинска размена на тема „Врснички активизам помеѓу младите”.

Право на учество имаат учениците од прва, втора и трета година од СОУ Кузман Јосифоски Питу, Прилеп.

Датуми на размената: 02 – 08 декември 2019 година.

Место: Струга

Учесници на младинската размена ќе бидат 30 млади од Србија и Р.С. Македонија

Целта на размената е да ја зголеми свеста за младинското учество, младинскиот активизам и можностите на младите луѓе да учествуваат во процесите на креирање политики на локално ниво.

Коалиција СЕГА го спроведува проектот “Peer to peer activism” - („Врснички активизам помеѓу младите”) одобрен од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во рамките на Еразмус+ програмата, Акција КА1, младински размени. Проектот се спроведува во партнерство со Центарот за права на децата од Ужице, Србија.

Трошоците за сместување, храна и патување ќе бидат целосно подмирени од страна на Коалиција СЕГА.

Онлајн пријавата може да ја најдете на следниот линк:  https://docs.google.com/forms/d/18TgJ-U08CtNubR-Eqp58BlI26Hc_gcNS-fsLYrKLZmM/edit

*Пријавата ќе биде објавена на официјалната училишна веб страна и на социјалните мрежи.

Ве молиме пополнете ја и испратете ја пријавата најдоцна до (четврток) 14.11.2019 година до 12.00 часот.

Пријавените учесници ќе бидат дополнително контактирани за интервју.

Со почит,

Тимот на Коалиција СЕГА

Забава

Изберете јазик

Присутни

Има 48 гости присутни

Избор на профил ?

Пријатели

opstina-baner moncsoobroglobeenoprogrammepepdrzavna-maturaednevnikdpicode blockslogo-partner-germanija