Вторник, Јануари 21, 2020
Текст

Повик за аплицирање за учество во проект во Италија

Повик за аплицирање за учество во проект во Италија

Во согласност со правилата од грантот за ПроектотФинансиски и претприемачки вештини за активно граѓанство кој е финансиски поддржан и спроведуван во рамките на Програмата Еразмус+ на Европската Комисија , а менаџирана од страна на Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност за реализирање на проектот Директорот на СОУ “Кузман Јосифоски Питу“ од Прилеп распишува :

ПОВИК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

За учество на ученици во проектот Финансиски и претприемачки вештини за активно граѓанство”. Мобилноста ќе се реализира во Волтера, Италија во период од 23 до 28 март 2020 год. Право на аплицирање имаат ученици со примерно поведение, со одлични комуникациски и компјутерски вештини, со познавање на англиски јазик, од сите профили кои учат во прва, втора и трета година при СОЕПТУ„Кузман Јосифоски -Питу“- Прилеп

Заинтересирани ученици да пополнат своеEUROPASSCV на англиски јазик и мотивационо писмона македонски јазик. Избраните учениците треба индивидуално да изработат мултимедијални презентации на теми:

1."Улогата на една банка во создавање и финансирање на нов бизнис за младите(пр. Преку видио клип да се опише постапката за отворање на банкарска сметка за нова фирма и како таа се користи“);

2. “Запознавање на Берзата и финансискиот пазар за инвестирање на почетен капитал“;

Документацијата се доставува до архивата на СОУ “Кузман Јосифоски Питуул.„Цар Самоил“ 1А Прилеп, не подоцна од 17.01.2020 година или на email  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .Сите апликанти ќе бидат повикани на интервју кое ќе се одржи на 21.01.2020 година во 12 часот.

Проектот предвидува во мобилноста да бидат вклучени 4 (четири) ученици кои ќе бидат придружувани од 3 (три) професори.

Датум,

 

Директор,

10.01.2020

 

Билјана Марковска

Забава

Изберете јазик

Присутни

Има 40 гости присутни

Избор на профил ?

Пријатели

opstina-baner moncsoobroglobeenoprogrammepepdrzavna-maturaednevnikdpicode blockslogo-partner-germanija