Вторник, Декември 10, 2019
Текст
Галерија Синдикални Натпревари

Извештај за втората тренинг средба за наставници и ученици во Севиља, Шпанија

Втората тренинг средба за наставници и ученици за одобрениот проект „Финансиски и претприемачки вештини за активно граѓанство“ од Еразмус+ програмата, клучна акција КА229се одржа од 03.06.2019 до 07.06.2019г. во Сан Хуан де Азналфарче, Севиља, Шпанија.

IMG-20190606-WA0021

На средбата учествуваа 4 ученици од СОЕПТУ „Кузман Јосифоски - Питу“ – Прилеп и тоа : Валентин Димитриоски, Михаел Костадиноски, Стефан Слабиѓорески и Симеон Сталески, придружувани од 3 наставници: М-р Мимоза Мијоска – координатор на проектот, помошник директорката Анета Наумческа и Илчо Јорданоски. Во проектот се вклучени партнер училишта од Македонија, Унгарија, Литванија, Шпанија, Италија и Хрватска.IMG-20190606-WA0003

 

Целта на оваа средба е учениците да се научат како да се припрамаат за барање на работа, учество во интервју за работа, изработка на мотивационо писмо и запознавање со животните приказни на успешни претприемачи. А додека наставниците да разменат искуства што ќе ги применуваат на часовите.IMG-20190603-WA0003

 

Агенда на активностите за време на престојот во Шпанија.

 

Првиот ден имаше свечен пречек на гостите во училиштето домаќин, потоа беше посетена општината на градот Сан Хуан де Азналфарче и музејот со археолошки пронајдоци од римско време.. Во училиштето домаќин беа поканети 2 успешни бизнисменки од Севиља, кои пред присутните ја раскажуваа својата животна приказна и одговараа на поставеноте прашања од учениците.

IMG-20190603-WA0040 61620059 10216769907233013 4861289361389387776 n 61917692 10216769909233063 7656676982133882880 n

Вториот ден имаше презентации на изработки од учениците од 3 земји, а потоа беше посетен замокот El Alcázar со туристички водич во Севиља. Исто така беше посетена и катедралата во Севиља, која е најголемата готска црква во светот.

Третиот ден беше посетена Банката на Шпанија во Севиља, каде се одржа и презентација. Потоа учениците поделени во две групи ја играа играта Ловец на Богатство.

62002297 2571838536202323 8700882904449810432 n

 

Четвртиот ден учениците од останатите 3 земји учеснички ги презентираа своите проекти. Потоа учениците ги изработуваа резултатите од Играта Ловец на богатство. Беше прикажано видео за интервју за работа во регионот во Севиља. А потоа наставниците го посетија традиционалниот религиозен настан што се одржува во Villamanrique.

62005569 2576927359026774 1682052189754753024 n62079456 2569852169734293 938540037388107776 n62148575 2576927639026746 4858932549625315328 n

 Петиот ден секој тим од учениците пред сите професори и ученици ги презентираше своите идеи за зададените активности. Во следната активност наставниците од секоја држава ги презентираа активностите кои претходно се спроведиле за време на наставните часови поврзани со изработка на мотивационо писмо, изработка на CV, учество во интервју за работа развивање на креативни идеи за почнување на сопствен бизнис.

Следеше завршната вечера, каде имаше премногу пеење, смеа, на разделбата и солзи но сето тоа беше белег на 7 дена поминати со прекрасни луѓе, на доста совршени места кои никогаш нема да бидат заборавени. 63168278 2576925949026915 8960134680988876800 n

Забава

Изберете јазик

Присутни

Има 84 гости присутни

Избор на профил ?

Пријатели

opstina-baner moncsoobroglobeenoprogrammepepdrzavna-maturaednevnikdpicode blockslogo-partner-germanija