Во периодот од 17- 19 октомври 2019 г. училиштето СОЕПТУ „Кузман Јосифоски – Питу“ – Прилеп, беше домаќин на професори од Унгарија, Литванија, Шпанија, Италија и Хрватска во рамките на проектот „Финансиски и претприемачки вештини за активно граѓанство“,кој што е дел од програмата на Еразмус +, а чиј кооординатор е професорката по информатика М-р Мимоза Мијоска.
Учесниците во, првиот ден ја посетија Народната Банка на Република Северна Македонија (НБРСМ) каде преку презентации детално беа запознаени со работата на истата. Исто така го посетија и музејот на пари што е сместен во просториите на НБРСМ. Потоа гостите беа запознени со културно историското минато на градот Скопје. Попладнето го посетија Кањонот Матка и надводната пештерата Врело од чија недопрена убавина гостите останаа без здив.
Во вториот работен ден учесниците во проектот ја посетија Општина Прилеп и остварија средба со градоначалникот Илија Јованоски кој им посака добредојде и пријатен престој во Прилеп. Учесниците остварија работна посета на цигарната фабрика при Тутунскиот комбинат - Прилеп и фабриката за прехрамбена индустрија „Витамника“ – Прилеп. Во рамките на активностите на проектот предавање на тема “Различни алатки и производи за инвестирање пари за финансирање на бизнис” одржа професорката од Екомоскиот факултет - Прилеп, Д-р Снежана Мојсовска - Саламовска. Во попладневните часови се одржа работилница каде секој тим детално ги презентираше резултатите од работењето во рамките на проектот.
Во вечерните часови КУД „Моминок“ настапи пред гостите и им ги претстави македонските ора и танци. Се одржа и работилница во која гостите беа обучувани како да ги играат македонските ора.
Третиот ден гостите го посетија манастирот Св. Наум и историско – културните знаменитости на бисерот на Балканот - градот Охрид, којшто ги плени учесниците во проектот со својата убавина и тие посакаа повторно да дојдат тука.
Целта на проектот FESAC финансиран од страна на Европската Комисија преку Националната агенцијата за европски образовни програми и мобилност е учениците да го согледаат светот на парите, економијата и финансиите, да се даде поттик на претприемништвото и да се развива претприемачкиот дух,
Спроведените активностои можат да се проследат преку сликите на следните линкови:
![]() +389(0)48 421 523 +389(0)48 421 331 |
![]() /kjpituppedumk |
![]() |