Вторник, Јануари 21, 2020
Текст
ЛМО Новости

Повик за аплицирање за учество во проект во Италија

Повик за аплицирање за учество во проект во Италија

Во согласност со правилата од грантот за ПроектотФинансиски и претприемачки вештини за активно граѓанство кој е финансиски поддржан и спроведуван во рамките на Програмата Еразмус+ на Европската Комисија , а менаџирана од страна на Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност за реализирање на проектот Директорот на СОУ “Кузман Јосифоски Питу“ од Прилеп распишува :

ПОВИК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

За учество на ученици во проектот Финансиски и претприемачки вештини за активно граѓанство”. Мобилноста ќе се реализира во Волтера, Италија во период од 23 до 28 март 2020 год. Право на аплицирање имаат ученици со примерно поведение, со одлични комуникациски и компјутерски вештини, со познавање на англиски јазик, од сите профили кои учат во прва, втора и трета година при СОЕПТУ„Кузман Јосифоски -Питу“- Прилеп

Заинтересирани ученици да пополнат своеEUROPASSCV на англиски јазик и мотивационо писмона македонски јазик. Избраните учениците треба индивидуално да изработат мултимедијални презентации на теми:

1."Улогата на една банка во создавање и финансирање на нов бизнис за младите(пр. Преку видио клип да се опише постапката за отворање на банкарска сметка за нова фирма и како таа се користи“);

2. “Запознавање на Берзата и финансискиот пазар за инвестирање на почетен капитал“;

Документацијата се доставува до архивата на СОУ “Кузман Јосифоски Питуул.„Цар Самоил“ 1А Прилеп, не подоцна од 17.01.2020 година или на email  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .Сите апликанти ќе бидат повикани на интервју кое ќе се одржи на 21.01.2020 година во 12 часот.

Проектот предвидува во мобилноста да бидат вклучени 4 (четири) ученици кои ќе бидат придружувани од 3 (три) професори.

Датум,

 

Директор,

10.01.2020

 

Билјана Марковска

ПОВИК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

Во согласност со правилата од грантот за Проектот “CRITICAL THINKING” кој е финансиски поддржан и спроведуван во рамките на Програмата Еразмус+ на Европската Комисија , а менаџирана од страна на Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност за реализирање на проектотДиректорот на СОУ “Кузман Јосифоски Питу“ од Прилеп распишува

ПОВИК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

За учество на ученици во проектот РАЗВОЈ НА КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ, КОМУНИЦИКАЦИСКИ И СОЦИЈАЛНИ ВЕШТИНИ мобилност која ќе се реализира во Анкара Република Турција во период од 13 до 19 Јануари 2020год вклучувајќи го и патувањето.

Право на аплицирање имаат ученици со примерно поведение, со одлични комуникациски и компјутерски вештини, со познавање на англиски јазик, од сите профили кои учат во прва, втора, трета и четврта година при СОЕПТУ„Кузман Јосифоски -Питу“- Прилеп

Учениците кои се заинтересирани да аплицираат за оваа мобилност треба да доставаат :

- Мотивациско писмо

$1- CV на англиски јазик ;

Избраните кандидати треба да изработат мултимедијална презентација на англиски јазик во која има и видео клипови на тема "Вистината и лагата за имиграцијата - колку медиумите манипулираат со јавното мислење и кои техники ги користат за таа цел."

Документацијата се доставува до архивата на СОУ “Кузман Јосифоски Питуул.„Цар Самоил“ 1А Прилеп, не подоцна од 21.11.2019г. или на email Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .Сите апликанти ќе бидат повикани на интервју кое ќе се одржи на 22.11.2019 година во 10 часот.

Проектот предвидува во мобилноста да бидат вклучени 6( шест) ученици.

 Директор

 Билјана Марковска

Датум:15.11.2019 г.

ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИ ЗА УЧЕСТВО НА МЛАДИНСКА РАЗМЕНА ВО СТРУГА

Драги ученици,

Коалиција СЕГА во соработка со СОУ Кузман Јосифоски Питу, Прилеп објавува Повик за пријавување на учесници на младинска размена на тема „Врснички активизам помеѓу младите”.

Право на учество имаат учениците од прва, втора и трета година од СОУ Кузман Јосифоски Питу, Прилеп.

Датуми на размената: 02 – 08 декември 2019 година.

Место: Струга

Учесници на младинската размена ќе бидат 30 млади од Србија и Р.С. Македонија

Целта на размената е да ја зголеми свеста за младинското учество, младинскиот активизам и можностите на младите луѓе да учествуваат во процесите на креирање политики на локално ниво.

Коалиција СЕГА го спроведува проектот “Peer to peer activism” - („Врснички активизам помеѓу младите”) одобрен од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во рамките на Еразмус+ програмата, Акција КА1, младински размени. Проектот се спроведува во партнерство со Центарот за права на децата од Ужице, Србија.

Трошоците за сместување, храна и патување ќе бидат целосно подмирени од страна на Коалиција СЕГА.

Онлајн пријавата може да ја најдете на следниот линк:  https://docs.google.com/forms/d/18TgJ-U08CtNubR-Eqp58BlI26Hc_gcNS-fsLYrKLZmM/edit

*Пријавата ќе биде објавена на официјалната училишна веб страна и на социјалните мрежи.

Ве молиме пополнете ја и испратете ја пријавата најдоцна до (четврток) 14.11.2019 година до 12.00 часот.

Пријавените учесници ќе бидат дополнително контактирани за интервју.

Со почит,

Тимот на Коалиција СЕГА

Извештај за средбата во Прилеп, ЕРАЗМУС+ проект FESAC

gradonacalnikВо периодот од 17- 19 октомври 2019 г. училиштето СОЕПТУ „Кузман Јосифоски – Питу“ – Прилеп, беше домаќин на професори од Унгарија, Литванија, Шпанија, Италија и Хрватска во рамките на проектот „Финансиски и претприемачки вештини за активно граѓанство“,кој што е дел од програмата на Еразмус +, а чиј кооординатор е професорката по информатика М-р Мимоза Мијоска.

Повеќе...

Повеќе Артикли...

Страница 1 од 54

<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Забава

Изберете јазик

Присутни

Има 59 гости присутни

Избор на профил ?

Пријатели

opstina-baner moncsoobroglobeenoprogrammepepdrzavna-maturaednevnikdpicode blockslogo-partner-germanija