Вторник, Декември 10, 2019
Текст
ЛМО Новости Извештај за последната средба на Еразмус+ проектот -Турција

Извештај за последната средба на Еразмус+ проектот -Турција

Последниот транснационален состанок за проектот „Ефективна употреба на мобилни апликации во образованието“ на Еразмус+, клучна акција КА219 се одржа од 12 до 16 јуни 2019г. во Истанбул, Турција.IMG-20190612-WA0000

На средбата учествуваа по 3 претставници од петте партнер училишта, а од СОЕПТУ „Кузман Јосифоски - Питу“ учествуваа М-р Мимоза Мијоска – координатор на проектот, директорката Билјана Марковска и Христина Бозоска – Николоска. Во проектот се вклучени партнер училишта од Македонија, Унгарија, Литванија, Италија и Турција. Целта на проектот е да се обезбеди средина во која наставниците и учениците ќе споделуваат идеи и добри практики и ќе креираат мобилни апликации.. На одржаните работилници учесниците ги дефинираа завршните чекори во проектот. Како да се соберат изработените материјали во текот на претходните средби и да се дополни веб страницата специјализирана за овој проект: edumobileapps.com.

IMG-20190612-WA0004IMG-20190612-WA0006

 IMG-20190612-WA0008 IMG-20190613-WA0014 IMG-20190613-WA0017Се дискутираше за електронската книга што треба да се изработи како краен продукт на овој проект. Исто така се разменија искуства за изработката на финалниот извештај што треба да се предаде по завршувањето на проектот.

А слободното време беше искористено за посета на важните знаменитости на Истанбул, како што се Аја Софија, Сината Џамија, Замокот Топкапи, Цистерна Базилика, најголемиот островот на Принцовите и др.

IMG-20190613-WA0043 IMG-20190614-WA0000 IMG-20190614-WA0012

Забава

Изберете јазик

Присутни

Има 90 гости присутни

Избор на профил ?

Пријатели

opstina-baner moncsoobroglobeenoprogrammepepdrzavna-maturaednevnikdpicode blockslogo-partner-germanija