Четврток, Декември 12, 2019
Текст
ЛМО

Што е Младинската Организација?

Локалната Младинска Организација „Здружение на МЛАДИ ЕКОНОМИСТИ“ од Прилеп е слободно формирана младинска организација на учениците и функционира при СОЕПТУ„Кузман Јосифоски – Питу“ Прилеп. Формирана е на 23.02.2006 година со поддршка на USAID и SEA проектот. Седиштето на Здружението е на улица „Цар Самоил“ бб, Прилеп т.е Здружението заседава и функционира во посебно одредена просторија во рамките на средното училиште.Работата и функционирањето на Здружениетогинабљудува и ажурногипратиназначениот и независенментор на организацијата, воедно има и улога на супервизор. Здружението покрај менторот има и свои органи – Собрание и Извршен одбор.

Која е целта на Младинската Организација?

Главна цел на Здружението е усогласување на интересите, застапување на правата на членовите и другите ученици, интеграција на младите како и остварување на други активности од јавен интерес.   Учениците се здружуваат во Здружението заради остварување на пошироки заеднички интереси, како и за поддршка и промоција на: меѓу-ученичка, меѓу-училишна, меѓу-етничка и младинска соработка на локално и државно ниво.

Што добивате со членување во Младинската Организација?

Преку учеството на најразлични натпревари, изработки на проекти, организирање на најразлични настани, соработка со други здруженија, учествувања на обуки, семинари и многу други активности нашите членови добиваат:

• Лидерски и комуникациски вештини;

• Професионални знаења (теоретски и практични);

• Побогата професионална биографија;

• Работно искуство;

• Тимска работа;

• Дружење и забава;

• Патувања

Учество на Национална работилница

Во периодот од 19 – 22 ноември 2015 година во Хотел „Бисер“ - Струга членови на нашата ЛМО учествуваа на „Национална конференција за учество на младите во процесите на донесување

Повеќе...

Прва седница на собранието на Локалната Младинска Организација „Здружение на млади економисти“ при СОЕПТУ „Кузман Јосифоски - Питу“ Прилеп

На 17.11.2015год се одржа првата седница на собранието(Собранието го сочинуваат сите членови на Здружението)на Локалната Младинска Организација при СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу“.

Повеќе...

Работилници за доведување во уредна состојба просторијата на ЛМО

Во организација на нашата Локална Младинска Организација во периодот од 24.10. -07.11.2015 се одржаа вкупно три работилници за доведување во уредна состојба просторијата на нашето Здружение.

Повеќе...

Избор на нова организациска структура на Локалната Младинска Организација „ Здружение на млади економисти“ при СОЕПТУ „Кузман Јосифоски Питу“ Прилеп

На 21.09.2015год. согласно Статутот на Локалната Младинска Организација, член 26 и член 27 за Избор на претседател и други членови на извршниот одбор се одржа состанок и се избра ново раководство на ЛМО. Во продолжение следат резултатите од гласањето:

Повеќе...

Повеќе Артикли...

Забава

Изберете јазик

Присутни

Има 89 гости присутни

Избор на профил ?

Пријатели

opstina-baner moncsoobroglobeenoprogrammepepdrzavna-maturaednevnikdpicode blockslogo-partner-germanija