Вторник, Ноември 12, 2019
Текст
секции

Нашето училиште е меѓу едно од најактивнине училишта во нашата општина. Благодарејќи на еминентните професори во нашето  училиште,а сето тоа потпомогнато од учениците-ентузијасти кои неуморно и со огромна желба  учествуваат на разни манифестации. Како што напомнав благодарение на еминтните и секогаш  ведри  професори, нашите сооученици учествуваат во  разни секции во нашето училиште. Секој ученик има свој талент па поради тоа има повеќе  секции предводени од професори-ментори, членувајќи во секциите тие се претставуваат самите себеси се претставуваат во најдобро светло, се изградуваат себеси како индивидуа а што е најважно го претставуваат училиштето во следниве видови на секции: Рецитаторска, Драмска, Хор, Англиска, Планинарска, Правна и др.

Драмска секција

Во нашето училиште  веќе подолго време постои и работи Драмската Секција. Секоја година се организира аудиција за избор на нови членови.  Секцијата зема активно учество на Академијата по повод Патрониот празник. Многу од учесниците во годините наназад станаа членови на аматерските театарски групи во градот. Ментор на оваа секција е професор Лидија Паноска.

Повеќе...

Размена на ученици - посета од Германци

germany-1-thumbВеќе одамна започнатата соработка на нашето училиште со гимназијата “Таки Даскало” од Битола,и партнерското училиште “Ратко Штокел” од Мелзунген продолжи овој пат и во Прилеп,со посета на германските ученици.Ученичката размена се одвиваше од 01.04.2013г., до 05.04.2013г.

Повеќе...

Еден интересен ден со дечињата од „Ѕуница“ - Дневен центар за лица со посебни потреби

На 14.12.13г. проф. Јасминка Димоска организираше група на ученици од СОУ„ Кузман Јосифоски – Питу“ за повторна средба со децата од Дневниот центар за лица со посебни потреби „Ѕуница“.

Повеќе...

Рецитаторска Секција

Во нашето училиште години по ред постои и работи Рецитаторската секција со учениците и професорот  по Македонски јазик и литература Цеца Видова-Трајческа.Составена е една целна група на ученици-љубители на убавиот пишан збор.Учениците талентирани за пишување најчесто работат на теми актуелни на настаните и случувањата во нашата земја.Се појавуваме на чести натпревари и конкурси и досега имаме постигнато многу позитивни резултати и награди,учества на многу литературни збиднувања и други манифестации.Рецитаторската секција секогаш му е од помош на професорот по Македонски јазик и литература да го открие талентот кај ученикот кон овој вид на уметност-пишување на уметнички текст-поезија и проза.

П.С Пишувајте и творете затоа што ако имаш творечки дух и талент имаш богата и полна душа.

Повеќе...

Денови на занаетчиството

prva thumbНа ден 21.12.13 год., по повод манифестацијата „Денови на занаетчиството“ во Центарот за култура „Марко Цепенков“ беше отворен „Фестивалот на занаетчиство и креативност“

Повеќе...

Хор

Хорското пеење е една од најомилените активности на ученичките од нашето училиште. Женскиот ансамбал, кој секоја година се подмладува во нови хористки од 1 година брои околу 50(педесет) членови. На почетокот на школската година се прави изборот на песни со кои хорот  ќе се претстави на приредбата по повод Патрониот празник. Исто така, важно е и учеството на регионалниот натпревар за хорови кој се одржува секоја година во месец Април. Една од најубавите и најинтересните работи на музички план во нашето училиште е Химната  на нашето училиште  која се пее веќе 18 години.

Повеќе...

Секој ден да биде 3ти декември

По повод меѓународен ден посветен на децата со посебни потреби Центарот за деца со посебни потреби “Ѕуница”– Прилеп организираше приредба.

Повеќе...

Англиска секција

Реализирани активности на англиската секција

Во рамките на функционирањето и реализирањето на слободните ученички активности на СОЕПТУ„Кузман Јосифоски-Питу“, Секцијата по англиски јазик, под менторство на професорот по англиски јзик, Спасија Нешкоска Цуцулеска, активно работи на неколку свои осмислени проекти како цел на реализирање.

Повеќе...

Одбележани 11 години од Дневниот центар„Sуница“ за деца со посебни потреби

283649 521791147884754 639280557 n thumbПо повод 11 годишнината од своето постоење центарот за деца со посебни потреби го одбележа својот роденден.

Повеќе...

Правна

Во училиштето од оваа учебна година постои и работи Правната секција. Секцијата ја водат Огњаноска Виолета, Наталија Ристеска-Проданоска, Ристевска Вера, Талеска Татјана, така што секој наставник има по една група ученици од различни години.Во рамките на правната секција се обработуваат  различни теми од правната струка се обработуваат различни теми од правната сртука(пр. ораторство, комуникациски вредности и др)

Повеќе...

Повторна посета на центарот за деца со посебни потреби „Ѕуница“

1234 thumbНа хуманоста и нема крај, повторната посета на центарот за деца со посебни потреби го докажува тоа. Но, овој пат посетата ја красеше подарокот од нашето училиште за нив – јонизатор за просторија.

Повеќе...

Повеќе Артикли...

Страница 1 од 3

<< Почеток < Пред 1 2 3 Следно > Крај >>

Забава

Изберете јазик

Присутни

Има 108 гости присутни

Избор на профил ?

Пријатели

opstina-baner moncsoobroglobeenoprogrammepepdrzavna-maturaednevnikdpicode blockslogo-partner-germanija