Вторник, Ноември 12, 2019
Текст
секции Англиска

Англиска секција

Реализирани активности на англиската секција

Во рамките на функционирањето и реализирањето на слободните ученички активности на СОЕПТУ„Кузман Јосифоски-Питу“, Секцијата по англиски јазик, под менторство на професорот по англиски јзик, Спасија Нешкоска Цуцулеска, активно работи на неколку свои осмислени проекти како цел на реализирање.

Оваа секција континуирано, веќе 5 месеци е вклучена во повеќе активности од разни полиња како што се хуманитарни акции, средношколски проекти, кино претстави, вклучување на средношколците во активности кои поттикнуваат претприемачки способности кај нив и многу други. Основeн мотив како предзнак на сите активности беше солидарноста и хуманоста на учениците за помош на оние луѓе кои имаат потреба од парични средства.
Прва активност беше отворањето на штанд во холот на училиштето, со цел на него да се продаваат рачно изработени производи од страна на учениците, во духот на Ноќта на Вештерките, на штандот се продаваа и картички со пораки кој подоцна се испраќаа меѓу учениците. Во склоп на активностите за Ноќта на Вештерките, на самата вечер се прикажуваше филм а потоа следуваше забава под маски, на која се избираше „Најдобра маска“.

Ноќ на вештерките и прикажување филм Ноќ на вештерките и прикажување филм Ноќ на вештерките и прикажување филм Ноќ на вештерките и прикажување филм Ноќ на вештерките и прикажување филм Ноќ на вештерките и прикажување филм Ноќ на вештерките и прикажување филм Ноќ на вештерките и прикажување филм Ноќ на вештерките и прикажување филм Ноќ на вештерките и прикажување филм Ноќ на вештерките и прикажување филм Ноќ на вештерките и прикажување филм

Собраните средства од овие активности беа донирани во хуманитарни цели, за помош на дете заболено од хрoнична болест и за семејство чија куќа изгоре во пожар.
Слична активност се реализира по повод Новогодишните празници. Во меѓувреме, со одобрение на Директорот на училиштето ни беше овозможена просторија за користење и логистика на активностите на секцијата. Со ангажманот и активностите на учениците просторијата беше адаптирана, молерисана, со бои беше нацртано американското знаме на еден од ѕидовите.

Уредување на просторија и Нова година Уредување на просторија и Нова година Уредување на просторија и Нова година Уредување на просторија и Нова година Уредување на просторија и Нова година Уредување на просторија и Нова година Уредување на просторија и Нова година Уредување на просторија и Нова година Уредување на просторија и Нова година Уредување на просторија и Нова година

Собраните пари од продажбата на штандот и од прикажувањата на филмовите, беа дел наменети за доуредување на просторијата, а другиот дел беше дониран во хуманитарни цели.
Наредни планирани активности на секцијата се отворање на продажен штанд во февруари, по повод „Денот на вљубените“, посетување на Старскиот дом „Киро Крстески-Платник“ и многу други активности кои имаат за цел да помогнат на луѓето. Секцијата по англиски јазик и понатаму ќе продолжи да работи со низа проекти и активности кои произлегуваат од идеите и креативноста на учениците.

Забава

Изберете јазик

Драмска секција

Во нашето училиште  веќе подолго време постои и работи Драмската Секција. Секоја...

Рецитаторска Секција

Во нашето училиште години по ред постои и работи Рецитаторската секција со учениците...
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4

Присутни

Има 101 гости присутни

Избор на профил ?

Пријатели

opstina-baner moncsoobroglobeenoprogrammepepdrzavna-maturaednevnikdpicode blockslogo-partner-germanija