Понеделник, Јули 22, 2019
Текст
секции Германска

Германска Секција

Размена на ученици – гости од Германија

germany-1-thumbВеќе одамна започнатата соработка на нашето училиште со гимназијата “Таки Даскало” од Битола,и партнерското училиште “Ратко Штокел” од Мелзунген продолжи овој пат и во Прилеп,со посета на германските ученици.Ученичката размена се одвиваше од 01.04.2013г., до 05.04.2013г.

Нашите ученици,и професорката Мануела Котеска по германски јазик,се покажаа како навистина добри домаќини кои одлично ја пречекаа германската група на ученици,и две професорки од Мелзунген.Во Прилеп престојуваа два дена,во кои извршија повеќе активности,како разлгедувањето на градот Прилеп,неговите знамености,традицијата итн.Наредниот ден продолжи со посета на нашето училиште,следење на настава,презентации од нашите,и нивните ученици,како и е квиз за сите учесници во проектот.Целиот овој прокет заврши со посета на градот Охрид на 05.04.2013г кога,сите заедно ја изработија евалуацијата на проектот,и изработка на трустичките водичи за градовите Прилеп,Битола и Охрид од страна на германските ученици.

Посета на партнерското училиште „РАТКО ШТОКЕЛ“ од Мелзунген, Германија, 24-28.02.2012

01 ПОСЕТА НА ПАРТНЕРСКОТО УЧИЛИШТЕ „РАТКО ШТОКЕЛ“ ОД МЕЛЗУНГЕН, ГЕРМАНИЈА, 24-28.02.2012Група од двајца професори, Мануела Котеска и Спасија Нешкоска Цуцулеска заедно со директорката Наталија Ацеска беа поканети на подготвителна средба 02 ПОСЕТА НА ПАРТНЕРСКОТО УЧИЛИШТЕ „РАТКО ШТОКЕЛ“ ОД МЕЛЗУНГЕН, ГЕРМАНИЈА, 24-28.02.2012од училиштето од Мелзунген Германија ,,Ратко Штокел,, со цел договарање на идни заеднички активностикако што се меѓусебна размена на учениците од нашето училиште во Септември 2012 год. и учениците од Германија во Април или Мај 2013 год.За време на посетата на манифестацијата ,Ден на отворени школски врати,, нашите професори имаа можност да се запознаат со најразлични проекти кои се дел од секојдневието на учениците од Германија. Преку овие проекти учениците сами се запознаваат со различни аспекти од животот на различни социјални групи-бездомници, тинејџери - родители, хендикепирани и сл. 

03 ПОСЕТА НА ПАРТНЕРСКОТО УЧИЛИШТЕ „РАТКО ШТОКЕЛ“ ОД МЕЛЗУНГЕН, ГЕРМАНИЈА, 24-28.02.2012Училиштето поседува сопствена станица за напојување со електрична  енергија на автомобилите и веспите од училиштето кои се движат на електрична енергија. Во училиштето има голема конструкција на фотоволтаични панели со кои енергијата од сонцето се претвора во електрична енергија.

04 ПОСЕТА НА ПАРТНЕРСКОТО УЧИЛИШТЕ „РАТКО ШТОКЕЛ“ ОД МЕЛЗУНГЕН, ГЕРМАНИЈА, 24-28.02.2012Дел од програмата на професорите – домаќини од Германија беше и посетата на Младинската работилница во која гостите од Македонија се запознаа со начините на спроведување на дуалниот образовен  систем во Германија, т.е посета на училиште и редовна настава како и спроведување на пракса во реални компании и претпријатија како и во вакви работилници каде учениците, а во последно време и возрасните се стекнуваат со практично искуство во повеќе различни професии.



Забава

Изберете јазик

Присутни

Има 71 гости присутни

Избор на профил ?

Пријатели

opstina-baner moncsoobroglobeenoprogrammepepdrzavna-maturaednevnikdpicode blockslogo-partner-germanija