Понеделник, Јули 22, 2019
Текст
секции Хор

Хор

Хорското пеење е една од најомилените активности на ученичките од нашето училиште. Женскиот ансамбал, кој секоја година се подмладува во нови хористки од 1 година брои околу 50(педесет) членови. На почетокот на школската година се прави изборот на песни со кои хорот  ќе се претстави на приредбата по повод Патрониот празник. Исто така, важно е и учеството на регионалниот натпревар за хорови кој се одржува секоја година во месец Април. Една од најубавите и најинтересните работи на музички план во нашето училиште е Химната  на нашето училиште  која се пее веќе 18 години.

Автори на истата се :Сашо Ацески-Цик --текст, Горан Милошески --музика. Снимена е на аудио носач во студио Шабанче а ја отпеаја солистите Даниел Павлоски и Сања Стојаноска. Сите ученици со задоволство ја учат и пеат на час по музичка уметност и на сите наши приредби. Најдобрите вокали(машки и женски) се охрабруваат да пеат како солисти на приредбата на патрониот празник кои публиката со нетрпение ги очекува да настапат. Диригент на хорот е професорот по музичка уметност Славица К. Темелкоска

ХОР ХОР ХОР ХОР ХОР ХОР ХОР ХОР Видео - ХОР Видео - ХОР

Забава

Изберете јазик

Присутни

Има 92 гости присутни

Избор на профил ?

Пријатели

opstina-baner moncsoobroglobeenoprogrammepepdrzavna-maturaednevnikdpicode blockslogo-partner-germanija