Вторник, Ноември 12, 2019
Текст
секции Натпревари Општообразовни натпревари Општообразовни натпревари 2012

Општообразовни натпревари 2012

Народна Техника на МакедонијаНа ден 28.04.2012 година учениците од СОЕПТУ„Кузман Јосифоски-Питу“ - Прилеп земаа учество на 48-миот Државен натпревар на младите истражувачи од Република Македонија кој се одржа во ОСУ„Ацо Русковски“ - Берово.

На овој натпревар учествуваа 2 ученици во информатичка област:

Во областа Информатика-Дизајн на веб страни се натпреваруваше ученикот Кристијан Момироски II клас со ментор Мимоза Мијоска и притоа го освои четвртото место.

Во областа Информатика-Компјутерско програмирање се натпреваруваше ученичката Јулијана Здравеска II клас со ментор Мимоза Мијоска и Јордан Чавлески и притоа го освои четвртото место 

Исто така, на истиот ден(28.04.2012) ученичката од нашето училиште Василика Грозданоска под менторство на Мимоза Мијоска учествуваше на државниот натпревар во програмирање C++ програмски јазик, кој се одржа во просториите на природно математичкиот  факултет(ПМФ) во Скопје и притоа доби Признание за учество.

Ученикот Доан Сулејманоски е добитник на прва меѓународна награда во категоријата средношколци (ПОЕЗИЈА) на Меѓународниот фестивал за кратка приказна, расказ и песна „Трифун Димич“ 2012 година.

На општинсиот наптревар за најдобар есеј на тема „Формирање на партизанските одреди и нивното дејствување 1941/42“ , распишан од Сојузот на борците од НОБ на град Прилеп по повод 3 Ноември - Денот на ослободувањето на градот Прилеп, третото место му припадна на ученикот Доан Сулејманоски

Забава

Изберете јазик

Присутни

Има 110 гости присутни

Избор на профил ?

Пријатели

opstina-baner moncsoobroglobeenoprogrammepepdrzavna-maturaednevnikdpicode blockslogo-partner-germanija