Понеделник, Јули 22, 2019
Текст
секции Натпревари Сандански - Бугарија

Сандански-Бугарија

Теми кој што  учествуваа на натпреварот во Сандански, Р. Бугарија.

Преземи презентација од Марија Нешкоска 2ѓ

Преземи презентација од Јулијана Видеска 2ѓ

Посета на градот Сандански, Бугарија

Посета на градот СанданскиНа покана од средното стручно училиште – Земјоделска професионална гимназија „Климент Темирјазев “ – Сандански , Бугарија претставници од СОЕПТУ„Кузман Јосифоски – Питу “- Прилеп, предводени од директорката Наталија Ацеска на 21 и 22 април 2012 год. престојуваа во прекрасното туристичко место.Целта на посетата беше учество на Првото натпреварување „Земјата – позната и непозната“ на тема „Земјата која не храни “, кое беше организирано по повод 55 годишнината од постоењето на училиштето . При изработката на трудовите требаше да се тргне од позицијата на наставни дисциплини поврзани со темата, како на пример екологијата, а како алатка за развој да се користи информатичката технологија. На натпреварот учествуваа две претставнички Посета на градот Санданскиод СОЕПТУ„Кузман Јосифоски - Питу“ – Прилеп со свои презентации: Нешкоска Марија од IIѓ клас и Видеска Јулијана од IIѓ клас под менторство на професорката по информатика Мимоза Мијоска. Нашите претставнички рамо до рамо се натпреваруваа на мегународниот натпревар со претставници од дваесетина средни училишта од Бугарија, Македонија, Полска и Словачка. Претставниците добија специјална награда за учество од жири комисијата, а се закитија и со посебно признание од националниот тренинг центар „Адам Смит“- колеџ за менаџмент од Софија.Денот на одржување на натпреварот се поклопи со Денот на планетата Земја, 22 Април

Забава

Изберете јазик

Присутни

Има 98 гости присутни

Избор на профил ?

Пријатели

opstina-baner moncsoobroglobeenoprogrammepepdrzavna-maturaednevnikdpicode blockslogo-partner-germanija