Среда, Октомври 16, 2019
Текст
секции Новинарска Индустриско загадување

Индустриско загадување

Индустриското загадување е се почесто и почесто застапено во нашето секојдневие.Последиците предизвикани од него се огромни за целиот жив свет на нашава територија.

Во Македонија се активни околу 1000 диви депонии на органски загадувачи.Во помалите места, граѓаните сами го запалуваат ѓубрето, но притоа не се свесни дека така само го зголемуваат количеството на загадувачите. Во депониите за комунален отпад, органските загадувачи не може да се задржат со филтрите. За тоа треба посовремена опрема. Така,на територијата на општина Прилеп по дваесет години ќе престане да гори и чади депонијата Алинци.ЈКП „Комуналец“ наредниве два до три месеци, силите ќе ги насочи на санирање на депонијата, а целиот процес со управувањето на отпадот, ќе се изведува во три фази. Депонијата Алинци повеќе од дваесет години не е санирана.Сакале или не, имале или немале пари, Јавните претпријатија во соработка со Локаните самоуправи, ќе мораат да изврашат санација и да се усогласат со современите технички стандарди или со барањата на Директивата на Европската унија за депонии.Целиот овој проект вклучува оградување на депонијата,асфалтирање на пристапните патеки,рамнење,тампонирање и посипување со земја и хумус.Потоа, фазата на едукација на населението,поставување на специјални садови за пластика,хартија,пред големите супер маркети,институциите,училиштата.И третата фаза се состои од рециклажа,а најверојатно и компостоирање на отпад-така изјави, Златко Ристески -директор на ЈКП„Комуналец“.Целиот проект ќе чини многу време и пари,но од некаде мора да се почне.Досега ништо не се сторило во поглед на депонијата заради недоволна механизација и средства .Од нас сите зависи, дали ќе ги почитуваме законите,дали ќе ја разбудиме свеста,дали ќе профункционира истата. За наша подобра иднина,со отпадот,со чистотата на градовите,со здравата животна средина,а пред се со здравјето на граѓаните,треба да ги засукаме ракавите и да работиме.Индустрискиот неопасен отпад се собира,главно,заедно со комуналниот отпад.Во Прилеп покрај оваа штетна депонија, постои и добра страна на отпадот и загадувањето, а тоа е отпадот за старо,непотребно железо.Со ова се забрзува рециклирањето на железото.Затоа треба етапно да се отстранува,бидејќи само чиста средина ни дава здрава иднина.

Новинари: Ивана Илиеска , Елена Парапанска , Александар Кочоски

Ментор: Проф.Соња Мирческа

Забава

Изберете јазик

Присутни

Има 79 гости присутни

Избор на профил ?

Пријатели

opstina-baner moncsoobroglobeenoprogrammepepdrzavna-maturaednevnikdpicode blockslogo-partner-germanija