Среда, Октомври 16, 2019
Текст
секции Новинарска Посета на детскиот центар “Ѕуница”

Посета на детскиот центар “Ѕуница”

prva-4 thumbХуманоста е најчовечната особина и доблест за секој поединец.Таа овозможува сите да помагаме меѓусебно,и на тој начин да допринесеме за подобра иднина за сите.

Дека хуманоста сеуште постои тоа го докажаа учениците од нашето училиште кои го посетија детскиот центар “Ѕуница”.Иницијатори беа учениците од втора и прва година заедно со професорката Јасминка Димоска.Тие со премногу труд се обидоа да изработат приказни,видеа,слики за овие деца.Посетата се одвиваше додека нашите ученици се дружеа со овие деца од што се создадоа нови пријателства и никој од присутните не остана рамнодушен на искрената детска насмевка.Читањето на сликовници,слушањето на музика,танцување,играње “не лути се човече” беа главната занимација со која овие деца се чувствуваа сакано,згрижено и дел од сите нас.Оваа посета е причина за да се надоградува едно штотуку започнато пријателство,која поттикнува да следат уште низа нови посети,дружби.Нашите ученици ни покажаа еден пример кој треба да го следат сите и понатаму.

Посета на детскиот центар Посета на детскиот центар Посета на детскиот центар Посета на детскиот центар Посета на детскиот центар

Забава

Изберете јазик

Присутни

Има 60 гости присутни

Избор на профил ?

Пријатели

opstina-baner moncsoobroglobeenoprogrammepepdrzavna-maturaednevnikdpicode blockslogo-partner-germanija