Среда, Октомври 16, 2019
Текст
секции Новинарска Одбележани 11 години од Дневниот центар„Sуница“ за деца со посебни потреби

Одбележани 11 години од Дневниот центар„Sуница“ за деца со посебни потреби

283649 521791147884754 639280557 n thumbПо повод 11 годишнината од своето постоење центарот за деца со посебни потреби го одбележа својот роденден.

На 15.05.2013г. во просториите на канцеларијата на градоначалникот Марјан Ристески беа примени лицата со посебни потреби од Дневниот центар ,,Ѕуница“.Градоначалникот Ристески им посака добредојде и им ја честита 11 – годишнината со торта и прошетка низ градот со туристичкиот воз. Дневниот центар располага со тим кој работи со згрижените над 40-тина деца кои продефилирале низ установата овие години. Децата од Дневниот центар ,,Ѕуница,, на градоначалникот Ристески му врачија уметничка слика, кој несебично на најразлични начини помага во секојдневното функционирање на центарот. -„Благодарение на професорката Јасминка Димоска, која oрганизираше група на ученици од СОУ „Кузман Јосифоски - Питу“ решивме да одделиме неколку саати за дружба со овие деца, за и тие да се чувствуваат како дел од сите нас.Заедно со децата ја посетивме Општината и се забавувавме во текот на прошетката низ градот со туристичкиот воз.Исто така ги посетивме животните во паркот на Могилата. Елена Парапанска , Ивана Илиеска , Александар Кочоски и останатите ученици одлучивме да се дружиме со нив затоа што тоа ни претставува лично задоволство и едноставно не прави среќни фактот дека помогнавме овие деца да се чувствуваат среќно и задоволно. Исто така имавме изработено флаери кои беа разделени низ плоштадот.“- ова беа зборовите на Петар Шиклевски, еден од учениците на СОУ“Кузман Јосифоски-Питу“ посетител на Дневниот центар за деца со посебни потреби.

11 Години од Дневен Центар Ѕуница за деца со посебни потреби 11 Години од Дневен Центар Ѕуница за деца со посебни потреби 11 Години од Дневен Центар Ѕуница за деца со посебни потреби 11 Години од Дневен Центар Ѕуница за деца со посебни потреби 11 Години од Дневен Центар Ѕуница за деца со посебни потреби 11 Години од Дневен Центар Ѕуница за деца со посебни потреби 11 Години од Дневен Центар Ѕуница за деца со посебни потреби

Забава

Изберете јазик

Присутни

Има 90 гости присутни

Избор на профил ?

Пријатели

opstina-baner moncsoobroglobeenoprogrammepepdrzavna-maturaednevnikdpicode blockslogo-partner-germanija