Среда, Октомври 16, 2019
Текст
секции Новинарска Секој ден да биде 3ти декември

Секој ден да биде 3ти декември

По повод меѓународен ден посветен на децата со посебни потреби Центарот за деца со посебни потреби “Ѕуница”– Прилеп организираше приредба.

За време на малата свеченост секое дете имаше можност да ги покаже своите способности.Само на рамнодушен човек не би му се насолзиле очите на онаа трудољубивост и упорност што овие деца ја вложија рецитирајќи песнички. Со заедничка игра,песна,забава го прославија овој ден заедно со нивните мајки,татковци,воспитувачки и се разбира со нивните врсници од oсновните училиштеа кои им го направија овој ден посебен.Меѓу присутните беа и средношколците од СОУ”Кузман Јосифоски – Питу” под менторство на проф.Јасминка Димоска кои по повод овој голем ден им подарија букет цвеќе,кое предизивика неизмерна радост на сите членови од овој центар.Со заедничко дружење,пеење и танцување сите како рој пчели се забавуваа.Но , се разбира оваа средба не завршува тука.Средношколците имаат намера повторно да ја продолжат оваа дружба со овие дечиња,со кои станаа и добри пријателчиња. Затоа “ Секој ден да биде 3ти декември “ – апел до сите луѓе на овој свет.Дружбата со овие ангели со човечки срца да се развива и кружи секојдневно.Време е ние самите да се научиме себе си и сите наредни генерации да ги гледат дечињата со посебни потреби, не преку нивниот недостаток, туку онака како што сакаме другите нас да не гледаат.Време е сите да бидат прифатени онакви какви што се.Тие дечиња ја даруваат најчистата насмевка,пријателска рака.Тие се личности кои знаат да ги ценат малите нешта и да им се радуваат.Затоа не смееме да дозволиме да бидат изолирани од сите нас.

Новинарска секција

Забава

Изберете јазик

Присутни

Има 46 гости присутни

Избор на профил ?

Пријатели

opstina-baner moncsoobroglobeenoprogrammepepdrzavna-maturaednevnikdpicode blockslogo-partner-germanija