Среда, Октомври 16, 2019
Текст
секции Новинарска Еден интересен ден со дечињата од „Ѕуница“ - Дневен центар за лица со посебни потреби

Еден интересен ден со дечињата од „Ѕуница“ - Дневен центар за лица со посебни потреби

На 14.12.13г. проф. Јасминка Димоска организираше група на ученици од СОУ„ Кузман Јосифоски – Питу“ за повторна средба со децата од Дневниот центар за лица со посебни потреби „Ѕуница“.

На оваа средба децата со посебни потреби, во придружба со групата ученици од нашето училиште ги посетија:„Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј“ и Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп. Во просториите на Музејот им беше приредена усна презентација од страна на археолог, на која децата беа запознати со нови информации, кои со радост и гордост ги примаа. Исто така, во просториите на Градската библиотека „Борка Талески“, по повод Нова година и Божик, децата од центарот „Ѕуница“,имаа за цел со наша помош и со помош на нивните воспитувачки да ја изразат својата креативност и да изработат честитки со различни материјали, кои ќе се продаваат за хуманитарни цели.

Новинарска секција

Забава

Изберете јазик

Присутни

Има 45 гости присутни

Избор на профил ?

Пријатели

opstina-baner moncsoobroglobeenoprogrammepepdrzavna-maturaednevnikdpicode blockslogo-partner-germanija