Четврток, Септември 19, 2019
Текст
За нас За Патронот

За Патронот

"Кога пред векови биле завземани средновековните тврдини, нужна била извонредна храброст. Сите што јуришале на нив, биле јунаци, а посебно место завземале храброста, од важноста и мудроста на тој борец што ќе го спуштел подвижниот мост пред каналот со кој е заштитуван градот-тврдината. Зарем Кузман не е тој што го спуштал мостот, пред првите чекори на државата македонска!?"Кузман Јосифоски е роден на 15 Јуни 1915 год. во Прилеп. Потеклото му е од с.Велмевци, Кичевско. Во времето на Илинденското востание на македонскиот народ, многу градови и села биле запалени. И селото Велмевци било запалено и опустошено.Untitled-1 oТогаш како дете таткото на Кузман, Цветан, е дојден во Прилеп. Основното училиште Кузман го завршил во Прилеп. Во 1926год. тој е ученик во прв клас Гимназија од која датира и неговиот голем интерес за историјата. Особено се воодушевувал од борбата на македонскиот народ за национално ослободување и од борбените подвизи на хероите од Илинденскиот перидо-Гоце Делчев, Даме Груев, Ѓорче Петров, Питу Гули и др. Повисоките класови од Гимназиајта Кузман ги завршува во Битолската Гимназија која била една од најстрогите Гимназии во целата земја. Untitled-2 oВо Гимназијата Кузман бил примерен ученик, интелегентен и учтив. Освен учењето читал и напредна литература. За тоа време и политички се издигнувал. Во тек вил со револуционерното движење во Прилеп. Читајќи комунистички брошури, летоци и сл. Покрај тоа Кузман се истакнувал и со своето учество во повеќе слободни активности. По завршувањето на Гимназијата Кузман се запишал на Правниот Факултет во Белград, каде активно се вклучил во студенското културно-просветно друштво "Вардар" каде што се собирале  и се организирале македонските студенти. Како студент пројавил голема политичка активност. Во Белград Кузман членувал во Акциониот Одбор на Белградскиот untitled-3 oУниверзитет,а во 1938г. бил примен во редовите на Комунистичка Партија на Југославија. При посетата на Софија во 1939 година тој го посетил гробот на Ѓоче Петров, а се стретнал со Никола Јонков Вапцаров, Димитар Митрев, Ѓорѓија Абаџиев, Коле Неделковски. Во 1938/40 Кузман се наоѓа во Охрид и во рамките на неговата политичка дејност таму тој учевствува на весникот "Наша реч" кој весник бил посветен на одбележувањето на 150- годишнината од Големата Француска револуција и 36- годишнината од Илинденското востание. Ваквата негова ангажираност најдобро се илустрира со неговата мисла од тоа време:"Многу е среќна нашата генерација, зошто нејзе и се падна да ја изведува револуцијата." Кузман ги прекинува студиите и станува професионален партиски соработник. Untitled-4 oСтанува член на Покраинскиот Комитет на КПЈ за Македонија. Станува илегалец, но и еден од огранизаторите на анти-фашистичката и ослободителна борба на Македонскиот народ. Бил постојано во движење. Ги обиколувал населените места во Тетовско, Гостиварско, Дебарско, Кичевско, Струшко, Преспа каде ја интенвизирал активноста за организијање на првите партизански одреди во овој дел од Македонија. Патува, пишува, учествува на состаноци. На Преспанскиот состанок на ЦК КПМ поднесува реферат посветен на 40- годишнината од Илинденското востание. Untitled-5 oНа истиот состанок било решено Кузман да замине во Скопје со задача да ја координира целокупната активност на народноослободителното движење и да изврши подготовки за конституирање на највисоката власт во Македонија.  На 25 Феврувари 1944 година е откриен од Бугарската Фашистичка полиција и е убиен. За Народен херој е прогласен на 29 Јули 1945 година. Иако загина недочекувајќи да ја види Македонија слободна тој го постигна највозвишеното човечко достоинство:револуционерната работа да му биде задоволство а не обврска.

Забава

Изберете јазик

Драмска секција

Во нашето училиште  веќе подолго време постои и работи Драмската Секција. Секоја...

Рецитаторска Секција

Во нашето училиште години по ред постои и работи Рецитаторската секција со учениците...
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4

Присутни

Има 127 гости присутни

Избор на профил ?

Пријатели

opstina-baner moncsoobroglobeenoprogrammepepdrzavna-maturaednevnikdpicode blockslogo-partner-germanija