На 25.02.2024 ја одбележуваме 80 годишнината од смртта на нашиот патрон – народниот херој Кузман Јосифоски – Питу.
Прилепчанецот кој го даде својот живот за создавањето на самостојна македонска држава. Еден од најзаслужните организатори на НОБ и антифашистичкото движење во Република Македонија и иницијаторот за свикување на првото заседание на АСНОМ.
Во чест на великанот беше положено цвеќе пред бистата во училиштето, на Могилата на непобедените и на Алејата на народните херои, како и пред споменикот во центарот на градот.
Свечената академија се одржа во кино салата “Мис Стон”.